Вратена хармонијата во германско-француските односи
4 март 2008Меркел и Саркози во Хановер демонстрираа единство. На отворањето на Цебит, Саркози беше ѕвездата и уживаше во тоа. Пријателски зборови, Саркози делеше автограми, за на прес-конференцијата, по разговорите зад затворена врата, Меркел да соопшти дека конечно е постигната согласност за проектот во кој Франција досега самостојно настапуваше и што предизвика несогласувања на релацијата Берлин - Париз:
„Детето, така да се каже, треба да се вика средоземно-морска унија и ќе биде проект на сите 27 членки на Европската унија. Сега со нашите партнери за првпат ќе зборуваме за детали„.
Се друго инаку беше во знакот на оската Германија – Франција.
На отворањето на Цебит – хармонија:
„Кога Германија и Франција не се единствени, тогаш е тешко во Европа да се постигне единство. Затоа верувам дека имаме заедничка одговорност„.
Саркози со многу комплименти за германската економија:
„Знам за занчењето што го има индустријата во Германија, знам колку се горди на тоа да бидат најважната индустриска нација во Европа и дека земјата е најголемиот извозник во светот. На тој план сте пример за Франција„.
Годинава инаку, на Цебит учествуваат 5 илјади 845 излагачи од 75 држави. Што ги очекува посетителите кои за дневен билет треба да платат 38 евра? Мотото е „Грин АЈТИ„ – значи еколошка технологија што посебно ќе штеди струја.