Во Израел воздржаност и олеснување по смртта на Арафат
12 ноември 2004Никаква прес конференција,никаков сопствен термин.Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера утрото прими делегација од Италија,при што патем го запрашаа како реагира на веста за смртта на Арафат.Во одговорот Шарон ниеднаш не го спомена името на својот вечен противник.Дури подоцна,на маргините на еден говор,беше поотворен:
"Ако по ерата на Арафат дојде на власт раководство кое ќе биде свесно за одговорноста и ќе ги исполнува обврските од мировниот план,тоа значи престано на теророт и насилството,распуштање на терористичките организации и српведување реформи во владата,со вакво раководство може да се разговара за различни чекори и дури и повторни политички преговори."
Смртта на Арафат во Израел беше примена со воздржаност но и со олеснување.Разбирливо,палестинскиот претседател со децении беше крвеннепријател на државата.Израел долго не ја признаваше Палестинската ослободителна организација.Во време на првата Заливска војна Арафат го поддржуваше ирачкиот претседател Садам Хусеин,кој нареди испалување Скуд ракети врз Израел.Дури подоцна,кога израелскиот премиер Јицак Рабин започна договори со Арафат,расположението се промени.Арафат како и Рабин доби Нобелова награда за обидот за помирување.Но,кога пред четири години избувна втората Интифада,репутацијата на Палестинецот повторно се урна.За многумина Израелци тој пак стана терорист,како што објасни министерот за правда Тони Лапид:
"Тој го водеше теророт против Израел.Го прекина мировниот процес.Тој е одговорен за смртта на илјадинции Израелци и Евреи.Тој беше заштитник на тероризмот во целиот свет."
Ова гледиште разлутува многумина арапски Израелци.Тие сметаат дека вината за пропаѓањето на помирувањето не ја сноси само Арафат.Абдала Нимер Дарвиш,водачот наисламското движење на југот на Израел,вели дека на рацете на Арафат има мног крв.
Но,тој прашува понатаму полемички:дали израелските политичари имаат само цвеќиња во рацете?
Арапското население во Израел е малцинство.Но,сепак манифестира сочувство по смртта на претседателот,слично како и Палестинците во окупираните територии.И тие следниве денови ќе имаат период на жалост.Така ќе отпадне прославата за крајот на Рамазан,Бајрам,а откажани се повеќе јавни настани.
Најрана реакција на смртта на Арафат стигна од израелската армија.Таа го блокира Западниот брег во страв од нереди и нови напади.Газа и така беше изолирана.Таа не полага многу надежи на нов почеток по смртта на Арафат.