Вилијам Тимкен е нов американски амбасадор во Берлин
7 септември 2005“Кога пристигнав забележав дека не знам германски.“
...се шегува новиот американски амбасадор во Берлин, Вилијам Тимкен. 67 годишниот претприемач, чиј прадедо потекнува од Бремен ниту го говори јазикот на своите предци, ниту има искуство во дипломатската служба. Но, тој е човек од доверба на Џорџ Буш.
“Добро го познавам претседателот и знам дека нему навистина му е до подобрување на германско-американските односи.“
Првиот доказ за тесните врски меѓу Германија и Америка, според новиот амабсадор, е понудата за помош на германската влада за подрачјата уништени од ураганот Катрина.
Во наредните недели екс-претприемачот од Охајо, кој раководеше со претпријатието за производство на лагери, Тимкен, речиси 40 години ќе ја запознава Германија и ќе патува во сите нејзини краишта. Прашањето – дали функцијата во Берлин е благодарност на Буш за големата донација на Тимкен за републиканците во изборната кампања, не го допира свежо избраниот дипломат – тој ги поддржувал републиканците уште кога Буш бил момче:
“Моето семејство верува во филозофијата на републиканците.“
Тимкен допрва ќе темелно ќе се запознава со партискиот систем во Германија, но како што вели ќе соработува со секоја влада.