Бугарија нема план „Б„
1 август 2006�чка, од 2002 година е евро-министерка. При посетата на Дојче веле со неа разговараше Клаус Даман:
Меглена Кунева радо зборува за самоувереност: во Бугарија мора да се биде таков, вели нежната министерка за европски прашања, а истовремено, звучи скромно:
„Верувам дека постои желбата за подобрувања. Сонуваме за подобар живот што е нашиот мотор за секојдневно спроведување подобрувања кои се надеваме се и за следните генерации. Зашто оние што сега се во средни години се уште нема да можат да ги жнеат плодовите„.
Таа и себе се исклучува – има 49 и еден син. Кога зборува за младите во нејзината земја и светат очите:
„Знаат колку и сите млади во секоја друга европска земја. Тие се љубопитни и имаат чуство на слобода. Ако се споредат овие со генерациите од пред 1990 година, разликата е драматична. Се гледа хоризонт„.
Хоризонт во земја која уште пролетоска беше остро осудена од европската комисија поради големиот број неразјаснети убиства и недоволната битка против перењето пари. Кунева признава дека Бугарија тука има уште многу работа, но подвлекува дека има напредок:
„Имаме голем број успешни случаи кога станува збор за перењето пари. Многу, добро... значи 4. Претходно немавме никакво искуство со таков вид криминал. Но, сега веќе сме интегрирани во една поголема заедница држави. Тоа е предизвик да го штитиме нашето општество од криминал„.
Сепак вели Кунева, за се е потребно време. Најважно е што старата политичка гарда е расчистена:
„Оние што во почетокот на 1990 година ја донесоа земјата во оваа несреќна ситуација никогаш веќе не можеа да ја стекнат довербата на граѓаните, па никогаш веќе не се појавија во владата„.
За во идина таа посакува повеќе квалификувани и пред се млади политичари кои ќе преземат одговорни места во Бугарија. Кога не би постоел големиот проблем на иселување високо квалификувани млади во други земји, зашто таму ги очекуваат изгледни места:
„Мислам дека најдобрите можеме да ги задржиме во Бугарија, зашто тие одат во странство, но можат и да се вратат. Не можеме да ги задржиме луѓето со рестрикции, тоа не е фер„.
Од тие причини програмите на Европската унија како Еразмо се многу важни, вели. Студентите можат да добијат финансиска поддршка за семестри во странство. Бугарија веќе ја користи оваа помош, иако се уште е кандидат за членство. Кога ќе стане полноправна членка ќе може да очекува цела палета субвенции. Но, што ако сепак членството не се случи на 1 јануари идната година? Кунева се насмевнува. Цврсто верува во тоа. Сепак, што ако Европската комисија во септемрви го одложи приемот за една година. Не, вели Кунева, план „Б„ за таков случај таа нема, ниту ќе го има.