Бугарија ги запре работите околу „Јужен поток“
8 јуни 2014„Дадов наредба да запрат сите работи. За натамошните чекори ќе донесеме одлука по консултациите со Брисел“, изјави денеска (08.06.) во Софија бугарскиот премиер Пламен Орешарски.
Ваквата изјава на Орешарски доаѓа по одлуката на Европската комисија да почне процедура против Бугарија поради изградбата на гасоводот „Јужен поток“. Европската комисија одлучи да се прекинат работите на изградбата на „Јужен поток“ на територијата на ЕУ се‘ додека не се ревидираат билатералните договори кои Русија ги постигнала со земјите-членки, а за Бугарија постои ризик од тужба доколку не ја почитува одлуката, изјави на 3 јуни Сабине Бергер, портпаролка на еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.
Бугарскиот министер за економија и енергетика Драгомир Стојнев по ваквата најава од Брисел рече не очекува дека неговата земја ќе биде казнета од страна на ЕУ, но оцени дека Бугарија останува заложник на конфликтот меѓу Украина и Русија.