Британците и Бугарите штрајкуваат против пензиските реформи
30 ноември 2011Околу два милиони наставници, полицајци, граничари и други вработени во јавниот сектор денеска излегуваат на најголемиот штрајк во последните децении, информира британскиот синдикат. Со еднодневниот протест тие го иразуваат незадоволство од плановите за промена во пензискиот систем на владата во Лондон.
Патниците на аеродромот Хитроу мора да сметаат со отежнат авионски сообраќај и доцнења до 12 часа. Британската влада соопшти дека очекува денеска да бидат затворени девет од десет училишта.
Бугарија, пак, денеска ќе се соочи со серија протести и штрајкови, кои ги најавија синдикатите. Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека сака да се вклучи во протестите против оние кои му оставиле милионски долгови, кои сега тој треба да ги враќа. Двата најголеми синдикати во земјата ќе протестираат во центарот на Софија, на плоштадот, пред Собранието, искажувајќи го своето незадоволство од најавените промени во пензискиот систем, кои значително ги продолжуваат годините потребни за заминување во пензија.
Автор: АТ/дв
Редактор: Горан Чутаноски