Бранот бегалци ја преплави Македонија
19 август 2015Секој пат, кога ќе пристигне воз, истите сцени: во малиот македонски град Гевгелија илјадници се обидуваат да влезат во и онака преполните вагони. Бегалците со часови чекаат на големата жештина. Многумина со денови не јаделе. Нема лекарска помош, што претставува проблем за Мохамед и неговото семејство.
„Видете и‘ го лицето. Има осип- болна е“, тука никој не се грижи за нас, вели Мохамад. Македонија, една од најсиромашните земји на Балканот, е преоптоварена. Во владата, најголемата вина ја гледаат во соседна Грција:
„За жал од грчка страна нема никаква ефективна гранична заштита која би го спречила напливот на нелегални имигранти“, вели портпаролот на македонското МВР, Иво Котевски.
Погледнете го видеото:
Оттука бегалците продолжуваат нерегистрирани: преку Србија и Унгарија кон Западна Европа. За многумина, крајната цел е Германија.
Пријавување во Пасау. Владата очекува околу 750 илјади бегалци годинава, иако претходно проценуваше околу 450 илјади.
И далеку побогатата Германија се соочува со проблеми.
Комесарот на бегалци на ОН, Гутерес бара и од другите ЕУ членки да преземат дел од бегалците. Досега, поголемиот дел завршуваа во Германија и Шведска. Нивниот број ќе се зголемува, проценуваат ОН.
Во Гевгелија, Мохамед и неговото семејство се‘ уште чекаат. Тој стравува дека во сиот овој хаос со возовите, неговото семејство ќе биде разделено.