Биланс на Втората исламска конференција во Берлин
3 мај 2007Домаќин на конференцијата беше министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле, а на неа беа застапени и сите поважни здруженија на муслиманите во земјава. Сабине Рипергер испрати извештај со најважните заклучоци и акценти од дебатата.
На Втората исламска конференција во Берлин се расправаше бурно за повеќе отворени прашања од секојдневниот живот на муслиманите во Германија. Иако за сите не беше најдено и решение, учесниците беа едногласни во оцената дека дијалогот е многу важен и дека треба да продолжи. По три и пол часовната дискусија, домаќинот на средбата, министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле, даде оптимистичка оцена:
“Тоа беше многу интензивна дебата, затоа ни требаше повеќе од предвиденото време. Ова беше не само добра средба, туку сите и покрај различните мислења изразени претходно и во медиумите, беа согласни дека токму таквиот процес е добар, корисен и посакуван од сите страни.“
Една од централните теми беше улогата на ново-основаниот Координативен совет на муслиманите. Тоа е здружение на четири поголеми организиации, кои меѓутоа не застапуваат повеќе од 15% од вкупниот број муслаимани кои жиеват во Германија. Министерот Шојбле го оцени создавањето на Советот како чекор во исправна насока, но истовремено нагласи дека не го смета за главен соговорник на државните служби.
Претседателот на Централниот совет на муслиманите во Германија и говорник на ново-основаното Координативно тело, Аксел Ајуб Келер, упати критика на начинот на работење на исламската конференција, бидејќи и‘ недостасуваат јасно прокламирани цели:
“Мора да извршиме евалуација на целиот провцес за да може да ја оптимираме работата, да се договориме за конкретни методи на работа и пред се‘ да си поставиме конкретни цели. Ни треба еден вид “роуд меп“ што секако треба да ја изготвиме во наредниот период.“
Али Ертан Топрак, генерален секретар на Алевитистичката заедница во Германија, најде пофални зборови за работата на исламската конференција:
“Не се зборува повеќе за муслиманите, туку се зборува со нив. Така, прв пат по 40 години од големиот миграциски бран, се воспоставува институционализиран дијалог и тоа е според мене голем успех.“
Езхар Чезаирли, од Иницијативата на нерелигиозните граѓани со потекло од муслиманските земји, нагласи дека е добро тоа што муслиманите со сосема различни ставови на конференцијата можат да се расправаат за отворените прашања на соживотот во Германија. Според министерката за образование при покраинската влада за Шлезвиг Холштајн, меѓу отворените прашања спаѓаат еднаквоста меѓу половите и воспитувањето на децата. При тоа за неа е особено важно прашањето на исламска веронаука во училиштата:
“Покраините се надлежни за прашањето на исламската веронаука. По ова прашање дојдовме до точка кога велиме, да тоа е заедничка цел. Но, до практичното воведување на веронауката има уште многу работа. Сега сме во процес на изнаоѓање преодни решенија и пилот проекти.“
Министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле по ова прашање нагласи дека од суштинска важност е да се задржи поделбата меѓу државата и религијата, запишана во уставот. Исламската веронаука во училиштата мора да се придржува до ваквиот темелен принцип.