Берлин: Фишер- Драшковиќ
12 октомври 2004Клучен и неодложен услов за евроатланското интегрирање на Србија и Црна Гора е соработката со Хашкиот трибунал, рече германскиот министер Јошка Фишер, додавајќи дека земјата има важна улога за стабилноста на регионот.
Според Фишер, во интерес на Берлин е да опстане државната заедница Србија и Црна Гора, како и тоа земјата да напредува во спроведувањето на реформите и да продолжи со настојувањата за членство во евроатланските структури.
Германскиот шеф на дипломатијата, заедно со неговиот српски колега Вук Драшковиќ јавно ги повикаа косовските Срби да учествуваат на изборите во покраината, закажани за 23 октомври.
,, Би сакал да ја искористам можноста нагласено да и укажам на српската странадека е потребно да учествува на овие иѕбори. Се друго ќе ја ослаби српската поѕиција и никој неќе може да и помогне. Затоа верувам дека учеството на овие избори е од централно значење, изјави Фишер.
Драшковиќ од Германија, како една од водечките земји на Европската Унија, побара помош во врска со проектот за децентрализација на Косово, како и за поголемо почитување на правата на Србите и другите малцинства во покраината, истакнувајќи дека многу е важно, меѓународната заедница, во тој поглед брзо и одлучно да делува.
,, Српскиот претседател Тадиќ и јас ги повикавме Србите во Косово да излезат на изборите во покраината. Тие мораат да сфатат дека на ЕУ, САД и на НАТО треба да гледаат како на пријатели, а не како на непријатели,, рече Драшковиќ.