Берлин повика на свесност, флексибилност и смисла за реален компромис
2 февруари 2007Германија како претседавач со Европската унија цврсто стои зад предлогот за статусот на Косово, кој го изготви Марти Ахтисари. Берлин го поддржува Ахтисари во наредниве недели да води интензивни разговори со обете страни врз основа на неговите предлози - изјави од името на Германија како претседавач со ЕУ Мартин Јегер, портпарол на германското МНР кој подвлече: „Претседателството на ЕУ ги повикува Белград и Приштина сериозно да се вклучат во разговорите. Од двете страни се бара свесност, флексибилност и смисла за реалистички компромис.“ - „Претседателството на ЕУ е на мислење дека статусното решение за Косово ќе биде решавачко за регионалната стабилност и ќе биде значаен чекор во доближувањето на Србија кон европските и евроатлантските структури. Ова важи исто и за Косово и за целиот регион. Заради ова и обете страни ги повика на ладнокрвост и свесен приод на дадените предлози.“ пренее Јегер
Кога е во прашање ладнокрвноста, на владината прес-конференцијат се постави и прашањето: колкава е опасноста од немири и каква е подготвеноста на воените сили кои во моментов се на Косово. „Подготвеноста на НАТО е на високо ниво, НАТО е подготвен за евентуални немири” беше одговорот на Владата.
Дали пак е одбран вистинскиот момент соопштувањето на решението за статусот на Косово, ако се има на ум дека Србија се уште нема легитимна влада? „Да, ние сме умедени дека сега е вистинскиот момент. Ова лежи во внатрешната логика на работите.Сметам дека секоја српска влада која допрва ќе биде составена, ќе мора да знае какви се детали од овој предлог со ќе треба да се соочи - објасни владиниот портпарол Мартин Јегер.