Берлин на масовните демонстраци реагира со критика
5 април 2004Врз лидерот на социјалдемократите, Франц Минтеферинг, протестите не оставија впечаток. Владата мора да се држи до реформскиот курс. Популистички изјави не се доволни, изјави Минтеферинг за телевизијата ЗДФ.
”Општите пароли како ограбувачки поход и слично не се соодветни на фактите. Мора да се разговара за тоа колку пари има во јавните каси? Кој навистина плаќа? Мислам, дека тука, имаме навистина добри карти.”
И новиот генерален секретар на СПД, Клаус Уве Бенетер, ги критикува демонстрациите ширум земјата. Тој има разбирање за грижите на луѓето поради социјалнаа сигунрост, но...
”Токму на оние што се против или оние од нашата партија кои сметаат дека мора да се држиме до она што го имаме, мора да им кажам – ние денеска мора да се насочиме кон иднината.”
Држење до реформскиот курс сметаат дека е потребно и зелените, помалиот коалиционен партнер. Партискиот шеф Рајнхард Битикофер, сепак, во една точка го дели ставот на синдикатите. Тој е против тоа дампингот на платите да стане нов социјален стандард. Битикофер за АРД изјави:
”Затоа мора нешто да се направи. Прашањето гласи - како да се почне? Од наша страна има предлог кој делумно се дискутира и во синдикатите, а делумно е контроверзен. Имено, предлогот да се донесе закон за минимална плата. Тука, според мене, сега топката лежи кај синдикатите. Тие мора да решат дали ќе го следат синдикатот за услужни дејности, Верди, кој вели “Да, ќе го сториме тоа”, или пак, ќе го следат синдикатот на индустријата кој реагира со отфрлање на предлогот.”
И партиите на опозицијата се изјаснија главно критички во однос на масовните протести, на кои учествуваа половина милион луѓе. Лидерот на либералите, Гидо Вестервеле, во едно радио интервју им префрли на синдикатите дека веќе не ги застапуваат интересите на граѓаните. Фридрих Мерц, заменик шеф на фракцијата на партиите на унијата, во интервју за време на викендот, побара прекинување на тарифнит картел и одземање на моќта на синдикалните функционери. Разбирање за протестите изрази претседателот на ЦСУ, баварскиот премиер, Едмунд Штојбер, но нагласи дека тие не решаваат никаков проблем.
Организаторите на демонстрациите добија поддршка од голем број иницијативи и од критичарите на глобализацијата, ”Атак”. Заменикот претседател на Сојузот на синдикати, Урсула Енгелен Кефер, за АРД го отфрли обвинувањето дека демонстрантите и прават штета на иднината на следните генерации:
”Не станува збор само за осумдесетгодишната пензионерка. Се работи и за младите луѓе. Ако се ова стане реалност, ако се преточи во закон, тие нема да имаат пензија.”
Според истражувањето на јавното мислење што го направи институтот Форса, речиси три четвртини од граѓаните ја сметаат реформската политика на црвено-зелената влада за неправедна. Истовремено, речиси 60% од испитаниците сметаат дека заштеди во социјалните системи во основа се исправни и неопходни.