Берлин е град кој никогаш на спие!
19 декември 2010Клуб „Вотргејт“ во Берлин, подиумот за играње е полн и сите танцуваат во ритамот на електронската музика, која диск-џокејот внимателно ја одбира. Таа атмосфера најверојатно е можно да се пренесе и дома, благодарение на иновативноста на сопствениците на клубот. Тие основале издавачка куќа, која објавува албуми со сетови кои диск-џокеите ги изведуваат во овј клуб.
Ди-џеј Ли Џонс објаснува: „Се обидуваме да создадеме нов концепт на клубот. Кај нaс можете да купите Це-де, да го однесете дома и додека го слушате со затворени очи можете да замислите дека сте тука - на подиумот за танцување... Многу е тешко да се сместат во Це-де сите сетови кои ги пуштаме во текот на една ноќ, но, идејата беше-атмосферата од клубот во помала форма да ја пренесеме во вашето домашно стерео.“
„Вотергејт“ својата издавачка куќа ја основа во 2008 година, и од тогаш објавува албуми со клупска музика. Годишно бројката не надминува преку 6500 примероци, што е значително помалку во однос на конкуренцијата-големите издавачки куќи. Меѓутоа, новинарот и музички критичар Торстен Грос вели дека скромната количина не значи дека „Вотергејт“ не поставува стандарди во мејнстрим подукцијата.
„Оваа издавачка куќа не може да се натпреварува со големите издавачи, но тоа не е и нејзината цел. Последните неколку години, следиме трендови и развој на стилови, што е многу важно кога е во прашање создавање и заштита на субкултура. ’Вотергејт’ тука може многу да направи и заради тоа е важен дел од музичката сцена.“
Слична стратегија има и конкуренцијата
И берлинскиот клуб „Бергаин“ е многу влијателен. Минатата година, британскиот магазин „Ди-џеј Маг“ го прогласи за најдобар клуб на светот. „Бергаин“ исто така има издавачка куќа „Остгут Тон“. Оваа година клубот веќе издаде 17 албуми и синглови. Покрај на домашниот пазар, музиката добро се продава во Британија и Јапонија. Ник Хопнер од „Остгут Тон“ вели: „Идејата е повеќе од јасна - бидејќи начинот на кој функционира клубот не се разликува многу од издавачките куќи. На двете места има Диск-џокеи и продуценти, кои пробуваат да се пробијат што подобро и многу е лесно да се ангажираш околу ова. Плус, веќе постојат клубови кои претходно имаат основано издавачки куќи, или издавачки куќи кои соработуваат со клубови.“
Во почетокот на 90-тите години електронската музика стана мејнстрим и започна масовното производство на клупски компилации. Клубот „Кокон“, кој го основа Ди-џеј Свен Сет, беше еден од првите кој основаше сопствена издавачка куќа. Новинарот Грос вели: „Ова исто така служи за развојот на корпоративниот идентитет на клубовите. И како маркетиншки трик. А, во ова време, кога туристите се во постојана потрага по забава и евтини летови, албумите доаѓаат како електронски разгледници.“
Разгледници кои добро се прифатени
Издавачката куќа „Бергаин“ неодамна направи забава во Лондон, за да го промовира својот нов албум. Картите беа распродадени со денови однапред. И „Вотергејт“ редовно организира слични настани. Покрај подигнувањето на угледот на клубот, таквите настани привлекуваат и нови посетители. Робин Дрималски од Вотергејт Рекордс објаснува дека тоа не е само во нивна корист: „Главната предност е во тоа што станува збор за придонес во културата. Ние на некој начин поставуваме културни стандарди. Ние им помагаме не уметниците, кои многумина доаѓаат од Берлин. А, како што зајакнува самата позиција на клубот, со тоа се зголемува и бројот на настани во Берлин. Расте бројот на туристи, па така и финансиски придонесуваме во градот Берлин.“
Германската престолнина за сега има три клуба кои основаа сопствени издавачки куќи. Нивните сопственици велат дека заработката никогаш не била нивна цел. Добра забава која привлекува нови туристи - тоа е она што го посакуваат за својот град.
Автор: Шарон Беркал/ Владимир Калински
Редактор: Симе Недевски