Берлин ’68
8 јули 2008Студентското движење во Германија почна уште пред 1968та година. Регистирано е дека студентските протести се разгореа уште во јуни 1967 година. Тогаш на демонстрации во Берлин беше убиен од полицаец студентот пацифист, Бено Онесорг. Ова случување во Германија се смета за инцијална каписла за вонпарламентарната опозиција. Централна фигура на ова студентско движење е 27 годишниот студент по социологија Руди Дучке. Тој е присутен речиси на сите големи протести на вонпарламентарната опозиција.
Исто така и на берлинскиот конгрес против војната во Виетнам, којашто беше во центарот на вниманието во февруари таа година. „Револуционирање на револуционерите е одлучувачкиот предуслов за револуционирање на масите. Да живее светската револуција и од неа настанатото слободно општество на слободни индивидуи, а не само на едно село.“
Руди Дучке е убеден дека Соединетите држави војната против Виетнам ја водат во име на капиталистичкиот систем. Оттука протестите на вонпарламентарна опозиција се насочени не само против САД туку и против капитализмот. На демонстрациите студентите јавно симпатизираа со Виетконгот, а скандирањето на името на неговиот водач, Хо Ши Мин во одредена мерка беше и заштитен знак на движењето
Контра демонстрации
Медиумите реагираа со одбивност кон студентското движење, пред се’ во Берлин каде публикациите на конзервативниот издавач Аксел Шпрингер имаа пазарен удел од повеќе од 70 насто. Печатот на Шпрингер, во прва линија булеварскиот весник Билд, за студентите не употребуваше ласкави изрази
Два дена по демонстрациите на вонпарламентарната опозиција против војната во Виетнам, берлинскиот сенат ги повика своите граѓани на про–американски против демонстрации. На манифестацијата учествуваа повеќе од 80 илјади луѓе.
На маргините на овие демонстрации, масата нападна еден студент кој личише на Руди Дучке, полицијата со тешки маки го отргна од толпата. „Студентот се засолни во полициско возило, кое од двете страни е притиснато од демонстрантите, тие удираат по стаклата, група полицајци се обидуваат да го заштитат автобусот во кој е сокриен студентот: Дучке надвор! Дучке надвор“
Дучке застрелан на улица
Вакво беше општото расположение во западен Берлин, кога на Руди Дучке на 11 април 1968 еден човек му се обрати на улица. Тој го праша: Дали сте Вие Руди Дучке? Тој потврдно одговари на прашањето. Во тој момент човекот згрми: „Ти валкана комунистичка свињо“ извади пиштол и пукаше во него. Руди Дучке беше погоден со три истрели в глава. Еден сведок ќе изјави „Мислевме дека се пука по гулаби, но тогаш видовме еден човек како бега, дојдовме овдека и видовме како Дучке лежи на земја. Стана и почна да вика по татко и мајка, и ’Морам на фризер, морам на фирзер да одам’ и потоа истрча околу 50 метри, и се сруши на земја. Неговите последни зборови беа: ’војници, војници’“
Уште истата вечер пред издавачката куќа на концернот Аксел Шпрингер во Берлин Кројцберг се собраа илјадници студенти и извикуваа „Шпрингер убиец“
Човек со харизма
Потресеноста од нападот е голема, Руди Дучке уживаше голема наколонетост во рамките на вонпарламентарната опозиција. Публицистот Катарина Ручки, тогаш пријателка на Руди Дучке се сеќава „Имаше харизма на невин, морален, праведен човек. Од него зрачеше овој почеток, достоинствена доверба; сите го сакааа Дучке, затоа што можеше да се има доверба во него.“
Атентаторот беше осуден на седум години затвор. По две години минати во затвор тој изврши самоубиство. Руди Дучке беше тешко повреден, но го преживува нападот, 10 години подоцна умире од последиците од него.
Нападот врз Руди Дучке, предизвика реакција кај вонпарламентарната опозиција, цени паретеникот во Бундестагот од редовите на Зелените Кристијан Штребеле, кој тогаш заедно со другите демонстрираше пред зградата на Аксел Шпрингер „Тоа беше настан кој наиде на големо внимание ширум Германија. Потоа имаше демонстрации во многу германски градови, меѓу нив и големи демонстрации, и не смее да се заборави: Руди Дучке беше вториот од редовите на студентите: Се разбира гледавме поврзаност со Бено Онесорг кој девет месеци претходно на демонстрации во Берлин против Шахот во Персија беше застрелан од полицаец.“
Пресврница и поделба
Но истрелите кон Руди Дучке обележаа и една пресвртница во историјата на вонпарламентарната опозиција. По нападот, еден дел од неа се радикализираше. Кога во мај истата година во целата земја се демонстираше против законот за вонредна состојба на тогашната сојузна влада, на многу места дојде до жестоки судири. Неколку членови на сцената две години подоцна се губат во подземјето. Тие се приклучија кон терористичката Фракција на Црвената Армија. Другите почнуваа да се вклучуваат во институциите, партиите и граѓанските иницијативи, и преку демократски средства се ангажираат за промена на германското општество.